• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Истражувачите откриле: Храната богата со влакна ги чува нашите заби и непца!

Бананите, јаболките и сувите сливи го намалуваат ризикот од заболувања на забите и непцата.

Ако во својата исхрана вклучиме поголема количина на растителни влакна ќе ја одржиме добрата функција на органите за варење, ќе го намалиме нивото на холетеролот во крвта, ќе го сочуваме здравјето на срцето и крвните садови, ќе го одржиме нормалното ниво на шеќерот во крвта, ќе го намалиме ризикот од рак на дебело црево.

На листата на позитивните ефекти на растителните влакна, научниците го додале и намалениот ризик од развој на болести на забите и непцата.

Истражувачите од Универзитетот во Бостон следеле 630 лица во тек на 15 години, а здравјето на нивната усна шуплина го проверувале секои 3 години. Пред секој преглед, испитаниците пополнувале детален прашалник за внесот на намирници богати со растителни влакна – оние кои содржат повеќе од 2.5 грама влакна по порција (банани, јаболки, портокали, боровинки, брокула, кељ, прокељ, спанаќ, кикирики, овесна каша и др.).

Најголем позитивен ефект на влакната бил забележан кај лицата постари од 65 години.

Истражувачите тврдат дека секој дополнителен оброк богат со растителни влакна може просечно да го намали нашиот ризик од губење на заби за 30%. Кога подетално ги анализирале намирниците кои испитаниците ги консумирале, заклучиле дека најголем заштитен ефект имаат бананите, јаболките и сувите сливи.

Научниците не се сосема сигурни на кој начин влакната го намалуваат ризикот од заболувања на непцата. Но, тие истакнале неколку можности:

  • Намирниците богати со растителни влакна бараат многу повеќе џвакање од другата храна, што може да го зголеми создавањето на плунка и така да ги отстрани штетните бактерии од устата.
  • Исто така, влакната го држат и шеќерот под контрола и го намалуваат крниот притисок, а покачениот шеќер во крвта и високиот притисок се фактори на ризик за заболувањата на непцата.

Секако, истражувачите советуваат да го зголемиме внесот на храна богата со растителни влака, но и понатаму редовно да го посетуваме нашиот стоматолог и да ги миеме забите после секој оброк.

Студијата била објавена во списанието „Journal of the American Geriatrics Society“.

 

Прочитајте и: