• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Сакате да ослабите? Вистината за слабеењето

Сакате да ослабите? Помалку јадете и килограмите ќе се стопат, покажува најновото истражување.

Dr. George Bray.

Заборавете на сите комплицирани диети бидејќи науката конечно го потврди она што сите со здрав разум го знаат веќе подолго време! Ако ја намалите количината на калории кои ги внесувате – ќе ослабите, објавија во магазинот Journal of the American Medical Association.

Истражувањето го спроведоа научници од Американскиот Pennington Biomedical Research Centra на 25 испитаници кои имале различен режим на исхрана. Хипотезите дека диетите со големи количини протеини, или оние со мали количини протеини влијаат на дебелеење, односно слабеење, не држат место. Луѓето се дебелат кога ќе го зајакнат внесувањето на калории.

“Штом ќе ги намалат калориите, почнуваат да слабеат” – истакна Dr. George Bray, кој го водеше истражувањето.

Овие резултати не им одат во прилог на оние кои заговараат диети, како Дукановата и Аткинсоновата диета. Појавувањето на овие диети ги збуни сите оние кои сакаат да ослабат, бидејќи го ограничуваше внесувањето на една храна, а го поттикнуваше на друга.

Меѓутоа сега е јасно – јадете помалку и ќе ослабите!

Преземено од Рингераја.

 

Прочитајте и: