• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Ширење на карциномот на вагината Печати

Вообичаена локализација на лезијата е во горната третина на задниот вагинален sид, иако во 25-30% од случаите примарната локализација е во долната третина на предниот вагинален sид. Постојат статистички податоци дека 51.7% од приамрните вагинални карциноми се јавуваат во горната третина на вагината и 57.6% на задниот sид.

Ширењето на карциномот на вагината може да настане на три начина: со директен, локален, инфилтративен раст на туморот, со лимфогена и со хематогена дисеминација.

Директно ширење на туморот

Примарните тумори на вагината може да се шират долж вагиналниот sид и да го, на тој начин, зафатат и грлото на матката или вулвата. Ако биопсиите од грлото на матката или вулвата покажат наод на малигни клетки, за време на почетната дијагноза, туморот не може да се оцени како примарен вагинален карцином. Поради отсуството на анатомските бариери, вагиналните карциноми се склони да се шират во соседните, околни ткива.

Лезиите на предниот вагинален sид може да го зафатат везиковагиналниот септум (меѓу мочниот меур и вагината), додека пак карциномите на задниот sид можат да го инфилтрираат ректовагиналниот септум (меѓу ректумот и вагината).

Вагиналните карциноми може да ги зафатат сите околни органи како што се: параметриумите, карличните sидови, утеросакралните лигаменти, мочниот меур и ректумот.

Лимфогено ширење на туморот

Во подоцнешните етапи можно е лимфогено ширење на туморот и тоа во регионалните лимфни јазли. Инциденцата на позитивните карлични лимфни јазли за време на дијагностицирањето зависи од стадиумот и локализацијата на примарниот карцином. Бидејќи лимфниот систем на вагината е толку комплексен, секоја лимфо-нодална група може да биде зафатена со метастази, без оглед на локализацијата на лезијата.

Зафатеноста на ингвиналните лимфни јазли е најчеста кога лезијата е локализирана во долната третина на вагината.

Зафатеност на лимфните јазли во различни стадуми на карциномот на вагината

Поради мултифокалноста на болеста (повеќе лезии-фокуси на различни места на вагината), локални рецидиви на болеста се забележани и кај пациенти со Стадиум 0 на болеста (во 5-10%). Карлични рекуренци и далечни метастази не биле видени во овој стадиум.

Кај пациентки со Стадиум I од болеста, честотата на карличните рекуренци е 10-20%, а покачен е и процентот на далечните метастази.

Кај пациентки со Стадиум II на болеста, кај кои постои поголема паравагинална и параметриална инфилтрација, инциденцата на карличната рекуренца е покачена на 53%, а стапката на далечни метастази е 22%.

Кај пациентки со Стадиум III на болеста, локалната рекуренца варира од 25-37%. Увидено е дека лезиите во горниот дел од вагината обично се повторуваат локално, додека подолните лезии се поврзани со инфилтрација на карличниот sид или со далечни метастази.

Пациентките со Стадиум IV на болеста имаат висок процент на карлични и далечни рекуренци (карлични 58% и далечни метастази 30%).

Хематогено ширење на туморот

Хематогеното дисеминирање е ретко, посебно за време на дијагностицирањето на болеста. Затоа симптомите и знаците од далечните метастази ретко се јавуваат за време на дијагностицирањето на болеста.

Сепак, во напреднатите стадиуми на болеста може да дојде до ширење на туморот преку крвта во оддалечените ткива и органи.

При тоа, може да биде зафатен било кој орган и ткиво. Сепак, како најчести места на метастазирање на карциномот на грлото на матката се: белите дробови, црниот дроб, или супраклавикуларните лимфни јазли, посебно кај пациенти со напредната болест.