• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Придржувајте се кон следните препораки пред да се јавите на гинеколошки преглед и ПАП тестирање Печати

Придржувајте се кон следните препораки пред да се јавите на гинеколошки преглед и ПАП тестирање:

  • Воздржете се од сексуален однос два дена пред прегледот и тестирањето.
  • Не практикувајте промивање на вагината со туширања или користење на некои козметички средства и не користете било какви средства во вагината, како на пример лекови, спермицидни гелови, пени или креми два дена пред тестирањето. Сите овие можат да ги осиромашат или комплетно да ги отстранат абнормалните клетки и со тоа ПАП тестот да не даде точни резултати.
  • Не закажувајте гинеколошки преглед и ПАП тетсирање во деновите на менструација. Најдобро време за ПАП тестирање е 10 до 20 дена по првиот ден од последната менструација.