• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Градус и стадиуми Печати

Патологија

Околу 90% од сите карциноми на вагината се планоцелуларни, а од останатите најголем дел се аденокарциноми, потоа меланоми, ендодермални и други поретки малигноми.

Стадиуми на болеста

Стадиум на болеста претставува утврдување на нејзината проширеност. Одредувањето на стадиумот на болеста е клучен фактор за спроведување на адекватна терапија кај секој пациент одделно. Според тоа, стадиумот има тераписки и прогностички цели.

FIGO – клиничкиот систем ги инкорпорира наодите од физикалниот преглед (бимануелен карличен преглед под анестезија), од едноскопските наоди и другите испитувања. Мултипните биопсии на цервиксот се прават за да се изклучи примарниот тумор на грлото на матката. Ако постои истовремено и лезија со иста хистологија и на грлото на матката, или ако биопсиите покажат присуство на сличен тумор, во тој случај туморот се класифицира како примарен цервикален и се стејџира според таа локализација.

Туморите на вагината се стејџираат користејќи ја FIGO или AJCC системот на стадиумско групирање.

Стадиум 0 Carcinoma in situ (инраепителијална неоплазма), Тis, N0, M0,

Стадиум I туморот е локализиран во епителот на вагината (Т1,N0, M0),

Стадиум II туморот инфилтрира во паравагиналното ткиво, но не оди до карличниот sид (T2, N0, M0),

Стадиум III туморот се шири до карличниот sид (Т1-3, N1,M0, и T3, N0, M0)

Стадиум IV туморот се шири надвор од карлицата или ја зафаќа слузницата на мочниот меур или ректумот

Стадиум IVA туморот ги зафаќа околните органи ( Т1-3, N2, M0 и T4, било кое N и М0),

Стадиум IVB туморот дал далечни метастази (било кое Т и N, М1)

Степен на диференцијација на малигните клетки (градус)

Gx - степенот не може да се процени;

G1 - добро диференциран тумор;

G2 - средно добро диференциран тумор;

G3 - лошо диференциран тумор;

G4 – недиференциран тумор.