• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
20 - 26 Јануари 2013 - Недела на превенција на ракот на матката Печати

Неделата на превенција на ракот на матката е голема европска иницијатива предводена од Европската асоцијација за рак на грлото на матката (European Cervical Cancer Association - ECCA). Целта на оваа широко прифатена иницијатива е да се информира женската популација за се што е во врска со ракот на грлото на матката, вклучувајќи информации за симптомите и знаците на болеста, причините и факторите на ризик, начините на превенција, но и за поддршка на лицата заболени од ова второ по честота малигно заболување кај жените.

Ракот на глото на матката (цервикален карцином) е болест која може лесно да се спречи. Повеќето случаи на рак на матката можат лесно да се спречат со редовните скрининг тестови и следење.

Ракот на грлото на матката најчесто се јавува кај жените над 30 годишна возраст, но тој може многу успешно да се спречи со скрининг тестовите (како на пример ПАП тестот), кои ги откриваат преканцерозните лезии, како и со вакцини за спречување на ХПВ инфекциите (најчестата причина за рак на матката), кои денес се достапни.

Но, и покрај тоа, на пример во Велика Британија во 2010 година, 20% од жените не се јавиле на поканата за скрининг (редовни рутински контроли), а само 50% од девојките на кои им била понудена вакцинација против ХПВ вирусите во склоп на програмата за превенција ја примиле вакцината. Подигање на јавната свест за превенцијата на ракот на грлото на матката сега е потребно повеќе од било кога, затоа што честотата на ова малигно заболување е во постојан пораст.

Како дополнение на превенција, особено е важно да се истакне важноста на раното откривање, бидејќи тоа е клуч за подобри стапки на преживување. Поради ова, во центарот на вниманието на неделата за превенција на рак на матката 2013 година ќе биде подигање на свеста за симптомите и прчините за развојот на ракот на грлото на матката, како и за начините на превенцијата.

Исто така, ракот на грлото на матката има висок процент на излечивост, доколку рано се открие и лекува.

Искористете ја „Неделата не превенција на ракот на грлото на матката“ за да отидете на гинеколошки преглед и направете скрининг тестови.