• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Еве што ќе се случи во вашиот организам ако решите да се откажете од пушење! Печати

Никогаш не е предоцна да се престане со пушење. Обично пушачите мислат дека штетата веќе е направена и дека со престанокот на пушењето нема да го намалат својот ризик за развој на многу болести кои се поврзани со пушењето.

Но, истражувањата го покажале спротивното. Луѓето кои пушат и ќе одлучат да престанат да пушат, можат да го намалат својот ризик од срцев, мозочен удар и други кардиоваскуларни заболувања, како и од рак на бели дробови во тек на само неколку недели или месеци.

„Лицата кои престануваат да пушат и остануваат непушачи 10 до 20 години можат да го намалат својот ризик за рак на бели дробови за 50% до 75%“, изјавил Dr. Jonson.

Ова се придобивките од престанокот на пушањето!

  • По 20 минути вашиот крвен притисок ќе дојде во нормала.
  • По 8 часови нивото на јаглероден диоксид во крвта ќе се намали за половина, а нивото на кислородот ќе се врати во нормала.
  • По 48 часа целиот никотин ќе го напушти вашето тело. Вашиот осет за вкус и мирис ќе се врати во нормала.
  • По 72 часа вашите дишни патишта ќе се релаксираат и енергетските нивоа ќе се зголемат.
  • По 2 недели циркулацијата ќе се зголеми и ќе продолжи да расте во наредните 10 недели.
  • По 3-9 месеци кашлањето и искажлувањето ќе се смират, а капацитетот на вашите бели дробови ќе се зголеми за 10%.
  • По 1 година ризикот да добиете срцев напад ќе се намали за половина.
  • По 5 години ризикот да добиете срцев удар ќе се изедначи со оној на непушачите.
  • По 10 години ризикот да добиете рак на белите дробови ќе се изедначи со оној на непушачите.