• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Со донација на САМОСВЕСТ реновирана просторија на Одделението за психијатрија за деца и младинци Печати

 

Успешно финализиран проектот на САМОСВЕСТ„Дојди. Подари радост 2012!“

ПОДАРОК НА РАДОСТ ДО УНИВЕРЗИТЕТСКАТА КЛИНИКА ЗА ПСИХИЈАТРИЈА: ДОНИРАНИ 3000 ЕВРА НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ДЕТСКА И АДОЛЕСЦЕНТНА ПСИХИЈАТРИЈА

На 30-ти декември 2012 година, беше дадена во употреба реновираната заедничка просторија за децата на Универзитетската клиника за психијатрија во Скопје. Со средствата собрани од хуманитарна распродажба, која ја организираше Центарот за здрав живот САМОСВЕСТ, со своите партнери: Фондација ТМобиле за Македонија, Тинекс, ЕВН и Мајпринт се обезбеди реновирање на просторијата за заеднички активности за пациентите на одделението за психијатрија за деца и младинци.

Дојди! Подари радост Донација

Донацијата е резултат на успешно организираната распродажба, која се одржа на Плоштадот Македонија на 2 јуни, 2012, под мотото „Дојди. Подари радост!“. Беа продадени голем број на играчки, облека, украси и домашен инвентар, како и парчиња од познати македонски спортисти и јавни личности на отворена аукција, која беше посетена од повеќе стотици граѓани.

„Се радувам што успеавме да обезбедиме нови шкафчиња, кујнски елементи, бела техника која ќе им ги разубави деновите на децата кои престојуваат на Клиниката за психијатрија во Скопје и што повторно имавме одличен одзив на распродажбата и аукцијата изјави Бојана Ацева Андонова, од САМОСВЕСТ.“

„Благодарни сме што САМОСВЕСТ заедно со своите партнери се сетија на нас и го разубавија просторот каде пациентите и медицинскиот персонал го поминуваат секој ден во заеднички активности. Оваа донација придонесува за унапредување на грижата и третманот на децата и адолесцентите овде.” истакна Др. Марија Ралева од Универзитетска клиника за психитрија, Скопје.

Дојди. Подари радост!“е хуманитарна распродажба која се одржа по втор пат на Плоштадот Македонија во Скопје и докажа дека граѓаните, јавните личности и корпоративниот сектор можат успешно да спроведат поинаков начин на хуманост преку донирање, волонтирање, купување и тимска работа.

ЗА САМОСВЕСТ

САМОСВЕСТ е Центар за здрав живот кој активно работи на полето на трансфер на знаења во областа на медицината, екологијата и современите технологии. Активностите на Здружението се насочени кон конкретни проекти, акции, трибини и кампањи во областа на здравјето, екологијата и информатичкото општество. Активно работи на подигање на свеста и личниот потенцијал за развој на секоја личност од аспект на здравјето, човековата околина и информатичкото општество (iSociety).

Првиот проект на САМОСВЕСТ е интернет порталот www.rak.mk кој постои веќе 6 години и е првиот и единствен портал на македоснки јазик за малигни заболувања, но и другите најчести заболувања како и портал за здрав живот. Порталот секојдневно се надградува со нови содржини и во моментов содржи преку 6000 корисни написи и информации, кои секојдневно ги преследуваат преку 2000 посетители.