• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Црн чај – здрав напиток кој го намалува ризикот од рак на јајчник

Жените кои подолго време консумирале чај и кои таа навика ја практикувале секојдневно т.е. редовно пиеле може да очекуваат битни здравствени придобивки од оваа здрава навика. Научниците откриле дека црниот чај е здрав напиток и го намалува ризикот за развој на рак на јајчник.

Dr. Andy Lee.

Истражувачите од „Curtin University“ во Perth (Австралија) проучувале илјада жени со просечна возраст од 59 години, кои биле поделени во две групи: половина од испитуваните жени имале дијагноза на рак на јајчник, додека останатите 500 биле здрави жени (контролна група). Истражувачите детално ги испрашувале жените за навиките за пиење на чај: колку често пијат чај, кој вид на чај и кога ја прифатиле оваа навика.

Резултатите од ова истражување покажале дека здравите жени подолго време консумирале чај и таа навика ја практикувале секојдневно т.е. редовно пиеле чај во споредба со жените со рак. Здравите жени, всушност, уште од рана возраст почнале редовно да пијат чај.

Од вкупниот број на испитуваните здрави жени, дури 79 % редовно пиеле чај, во споредба со 51 % од испитуваните жени со рак на јајчник. Истражувачите истакнале дека црниот чај содржи моќни флавоноиди, компоненти кои ни помагаат да се бориме против болестите. Тие сметаат дека заштитната улога и лековитоста на црниот чај се должи токму на овие јаки антиоксиданси кои ги содржи црниот чај.

„Чајот е сигурен и ефтин пијалок. Треба да се усвои навиката за пиење на чај поради неговите потенцијални придобивки во спречувањето на оваа честа и смртоносна болест кај жените“, изјавил Dr. Andy Lee - водачот на студијата.

Доколку вкусот на црниот чај ви е премногу јак, слободно може да го разредите со млеко. Претходните истражувања покажале дека млекото нема да го намали блоаготворното дејство на црниот чај.

Ракот на јајчникот по честота е на 3-то место меѓу малигните тумори на женските генитaлни органи, веднаш по ракот на грлото на матката и ракот на ендометриумот (телото на матката).

Рaкот на јајчникот е пред се болест на пременопаузалните и постменопаузалните жени. Просечната возраст на пациентките со рак на јајчник е 50-65 години.

Помалку од 10% од пациентките со рак на јајник се помлади од 40 години. Инциденцата на ракот на јајникот расте нагло над 40-тата година од животот.

Ракот на јајчникот е болест која ги плаши жените. Доволно е само да се слушнат статистичките податоци за сè поголемиот број на заболени од оваа малигна болест, па стравот да биде уште поголем. Допонителен страв влева и фактот што, до неодамна, се сметало дека ракот на јајчникот не дава никакви рани симптоми.

Сепак, се работи за малигни заболувања, кои доколку се откријат рано, т.е. во почетната фаза на болеста, имаат добри шанси да се излечат и да не доведат до смртен исход.

Раните симптоми не се специфични и, често пати, се слични со некои други заболувања и состојби во организмот. Затоа, доколку не ги игнорирате раните симптоми и знаци, можно е и рано откривање на ракот на јајчникот.

Постојат повеќе од 20 симптоми кои се поврзуваат со ракот на јајчниците во ранатa фаза, како: замор, болки во грбот, тврда столица, често и ургентно мочање и многу други. Тие симптоми се толку вообичаени и нејасни што многу жени и лекари често пати ги занемаруваат или ги сметат за неважни.

Дознај повеќе:Рак на јајчник
 

Прочитајте и: