• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Превенција и скрининг Печати

Дали ракот на вагината може да се превенира?

Најдобар начин за да се намали ризикот за рак на вагина е да се избегнуваат познатите фактори на ризик и да се навремено откријат и лекуваат преканцерозните промени. Но, бидејќи многу жени со рак на вагина немаат ниту еден од овие ризик фактори, не е можна целосно сигурна превенција на ракот на вагината.

Како да се намалат факторите на ризик за рак на вагина?

Избегнување на ХПВ инфекција

Најдобар начин да жената го намали својот ризик за развој на ракот на вагина е да се обиде да ги избегне инфекциите со ХПВ вирусот.

Инфекцијата со ХПВ вирусот е многу честа. Всушност, околу 80% од жените се инфицирани со овој вирус до својата 50 -та годишна возраст. Инфекцијата со ХПВ вирусите се пренесува по сексуален пат.

Таа е една од најчестите сексуално преносливи болести.

ХПВ вирусот може да предизвика многу видови на рак, вклучувајќи го тука и ракот на грлото на матката. Научниците веруваат дека, во многу голем процент, гинеколошките тумори кај жената се поврзани со инфекцијата со ХПВ вирусите.

Иако не постои сигурен метод за превенција од ХПВ инфекцијата, сепак постојат неколку работи кои можат да го намалат ризикот кај жената за рак на вагина:

  • Нејзиниот сексуален партнер треба секогаш да користи кондом при сексуалниот однос. Неодамнешните истражувања покажаа дека кондомите обезбедуваат одредена заштита против ХПВ инфекцијата.
  • Да се ограничи бројот на сексуалните партнери.

Постои тест кој овозможува да се открие дали жената има ХПВ вирус и ХПВ инфекција. ХПВ тестот рутински се спроведува кај жените на возраст од 30-те години, заедно со ПАПА тестот.

ПАПА тестот може, исто така, да открие и некои случаи на рак на вагината, пред да се појават клиничките симптоми на болеста.

ХПВ инфекцијата која се пренесува по сексуален пат има улога на промотор во канцерогенезата.

При тоа, од вкупно 100 типови на ХПВ, посебно некои одредени типови се објавуваат како високо ризични.

ХПВ е изолиран во 80% од сите вагинални карциноми. Се смета дека овој вирус трансформирајќи ги клеточните протеини кои се енкодирани со вирусните гени Е6 и Е7 можат да ги блокираат продуктите на тумор-супресорните гени p53 i pRb во клетката и на тој начин да доведат до нејзина неконтролирана, абнормална делба.

ХПВ се класифицира во група на високоризични генотипови (ХПВ 16, 18, 31 i 45) и група на нискоризични генотипови (ХПВ 6 i 11).

Според најновите сознанија, нискоризичните генотипови (ХПВ 6 i 11) не можат да предизвикаат инвазивен карцином, туку само бенигни промени како што се гениталните кондиломи.

Инфекцијата со високоризичните (онкогени) ХПВ типови е силно поврзана со настанувањето на вагиналниот и цервикалниот карцином. Тие се обвинуваат како високо ризични, бидејќи нивната поврзаност со преканцерозните лезии е многу голема. Затоа, од голема вредност е ХПВ типизацијата во одредувањето на ризикот за настануавањето на вагиналниот и цервикалниот карцином.

ХПВ инфекцијата е фактор кај повеќе од половина од сите дијагностицирани вагинални карциноми. Инфекцијата може да биде поврзана во дури 8 од 10 случаи (80%) на преканцерозни лезии на вагината. ХПВ 16 вирусот е највисоко ризичен вирус за настанување на вагиналниот карцином. ХПВ16 и ХПВ 18 вирусите се присутни во 65-80% од преканцерозните лезии.

ХПВ инфекцијата е една од најчестите сексуално преносливи болести во развиените земји во светот. Оваа бактериска инфекција се пренесува со сексуален контакт и повеќето жени не се свесни дека се инфицирани затоа што немаат никакви тегоби. Така, околу 8 од 10 жени ќе бидат инфицирани со овој вирус во некој период од нивниот живот. Кај многу жени, инфекцијата сама исчезнува, без примена на терапија и без да предизвика некој симптоми и знаци.

Според тоа, редовните скрининг ПАПА тестови, како и тестовите за индентификација на високо ризичните ХПВ вируси, се од големо значење за рано откривање на преканцерозните лезии, како и за откривање на раниот стадиум на карциномот на вагината.

Инфекцијата со ХПВ вирусот е ризик фактор за рак на вагина. ХПВ инфекцијата се јавува воглавно кај младите, сексуално активни жени и не е така честа кај жените дан 30 годишна возраст. Причината за ова не е целосно јасна. Но,најголем број од овие инфекции кај младите ќени ислезнува, во некои случаи ХПБ ДНА останува внтаре во клетките на грлото на матката и вагината. Ова може да води до преканцерозни промени и дури и до развој на рак на вагината подоцна, и многу години од инфекцијата со ХПВ вирусот.

Одредено сексуално однесување го зголемува ризикот за ХПВ инфекција кај жените. така, поголем ризи за ХПВ инфекција постои ако се:

  • рано започне со сексуални односи,
  • има повеќе сексуални партери,
  • има партнер кој имал многу сексуални партнерки.

Треба да се запомни дека ХПВ вирусот може да биде многу години присутен, а да не даде никакви симптоми и знаци, да не предизвика појава на генитални брадавици или некои други симптоми. Некој може да го има вирусот и да не знае дека е заразен и незнаејќи да го пренесе на друг.

Кондомите обезбедуваат одредена заштита против ХПВ вирусот. ЕДна студија открила дека кога се правилно користат кондомите, тие можат да ја намалат стапката на ХПВ инфекција за околу 70%, доколку тие се користат редовни, при секој сексуален однос. КОндомите неможат да пружат комплетна заштита, бидејќи не го покриват секој инфициран дел од телото, како кожата на гениталната или аналната регија. Сепак, кондомите дават одредена заштита против ХПВ инфекцијата. Тие, исто така, штитат против ХИВ инфекција и некои други сексуално преносливи болести.

Вакцина за заштита од ХПВ инфекција и рак на гениталните органи

Во Јуни 2006 година во САД беше одобрена првата вакцина против ХПВ. Вакцината е позната под називот Gardasil вакцина. Во клиничките испитувања, вакцината се покажа како многу ефикасна во спречување на инфекција со два типа ХПВ вируси од групата со висок ризик, ХПВ 16 и ХПВ 18. Овие вируси се одговорни за 70% од случаите рак на грлото на матката предизвикани од ХПВ. Вакцината исто така заштитува и од инфекција со ХПВ тип 6 и 11, кои предизвикуваат приближно 90% од гениталните брадавици.

ХПВ вакцината е рекомбинантна вакцина, што значи дека во себе не содржи живи вируси. Вирусот во вакцината е протеин добиен со генетски инжењеринг и не може да предизвика ХПВ инфекција. Се дава во серија од три инјекции во мускул во тек на шест месечен период.

Во САД вакцината рутински им се дава на девојчињата на возраст помеѓу 11 и 12 години. Сепак, вакцината може да им се даде и на девојчиња на 9 годишна возраст во соработка со матичниот гинеколог.

Најдобро е ХПВ вакцината да се дава пред девојката да стане сексуално активна.

Иако жените кои не биле претходно изложени на ХПВ имаат потполна корист од вакцината, се покажало дека од вакцината имаат корист и жените кои веќе претходно биле сексуално активни и притоа биле изложени на ХПВ. Од тие причини се препорачува жените на возраст меѓу 13 и 26 години исто така да се вакцинираат.

Жените кои примиле вакцина треба да продолжат да се придржуваат кон редовните гинеколошки прегледи и ПАПА тестови. Вакцината не заштитува од останатите полово преносливи болести па жените мораат да се придржуваат кон вообичаените мерки за заштита од овие болести.

Вакцините ја спречуваат, но не ја лекуваат инфекцијата со ХПВ вирусот.

Вакцините немаат никаков ефект кај жените кои се веќе заразени со ХПВ вирус.

Тие не треба да се даваат за третман на постоечка инфекција.

Dr. Hildesheim изјавил дека двете моментално постоечки вакцини за ХПВ - Gardasil и Cervarix, ја зголемиле јавната свест за врската помеѓу ХПВ и ракот на грлото на матката.

Тој и неговите колеги спровеле студија во која биле вклучени 2,189 жени на возраст од 18-25 години и кои биле позитивни за ХПВ инфекција. Резултатите од студијата покажале дека кај жените третирани со вакцината немало никакви знаци за чистење на вирусот.

"Овие резултати се сосема очекувани“- изјавил Liad Diamond, претставник од Glaxo.

Од двете фармацевтски компании кои ги произведуваат вакцините, Merck и Glaxo, изјавиле дека вакцините не се наменети за лекување на ХПВ инфекција и дека оваа студија ги потврдува нивните сопствени истражувања.

Станува збор за четворовалентна вакцина која помага за заштита од болести што ги предизвикуваат ХПВ типовите 6,11, 16 и 18. Вакцината помага во превенцијата, односно во спречувањето на појавата на овие болести, но мора да се знае дека таа не ги лекува. Вакцината е произведена со рекомбинирана технологија и содржи само делови од вирусот. Таа е наменета за девојчињата и девојките од 9 до 26 години и се применува во 3 дози.

Вакцината има превентивна улога, односно нејзиното дејство е најдобро и штити од каков и да е контакт со ХПВ од типовите 6,11,16 и 18. Најсигурно е вакцината да се прими пред почетокот на сексуалниот живот. Но, треба да се знае дека лице кое е веќе заразено со ХПВ може да има корист од вакцината затоа што повеќето лица не се заразени со сите 4 типа на ХПВ од кои вакцината заштитува, па ќе имаат одредена заштита од останатите типови содржани во вакцината.

Како заштита од инфекција со ХПВ вирусот се препорачува и еден сексулен партнер. Долготрајната врска со неинфициран партнер може да ја спречи инфекцијата. Сепак имањето сексуални односи само со еден партнер во животот не е гаранција дека сигурно нема да се јави инфекција со ХПВ вирусот.

Треба да се одбегнува сексуален однос со лице кое има генитални брадавици. Лицето со јасно видливи генитални брадавици треба да се воздржува од сексуални односи сè додека не се отстранат брадавиците. Оваа го намалува ризикот од ширење на ХПВ.

Редовното ПАПА тестирање е многу важно за раното откривање на инфекцијата со ХПВ вирусот. Иако ПАПА тестот не штити од инфекција, сепак тој рано ги открива промените на грлото на матката што е особено важно во спречувањето на појава на рак на грлото на матката.

Пушење

Непушењето е уште еден начин да се намали ризикот за рак ва вигина. Жените кои не пушат се исто така, со помал ризик за развој на многу други видови на рак како: рак на белите дробови, на усната шразнина, на јазикот, на грлото, на мочниот меур, набубрегот и на некои други органи.

Откривање и лекување на преканцерозните состојби - промени на клетките на вагината

Се смета дека повеќето вагиналини сквамозни карциноми започнуваат како преканцерозни промени (лезии), наречени вагинална интраепителијална неоплазија (VAIN). VAIN може да биде присутна многу години пред да премине во вистински (инвазивен) карцином.

Состојбата наречена VAIN (вагинална интраепителна неоплазија) е преканцерозна лезија, која може со тек на време да се развие во инвазивен карцином. При VAIN постојат промени во епителните клетки на вагината, кои не се канцерски, но со висок ризик да преминат во канцрески клетки. VAIN е слична со CIN, преканцерозни промени кои водат до развој на карцином на грлото на матката

Овие преканцерозни состојби може да бидат откриени со истиот ПАПА тест кој се користи и за скрининг на ракот на грлото на матката и неговите преканцерозни состојби. Ако се откире преканцерозна промена, таа може да се лекува, со што се стопира ракот пред да се развие.

Механичката дразба на песарите, кои се користат како влошки за корегирање на пореметената статика на гениталните органи (како на пример при пролапс на матката т.е. спуштена матка), кај жени во понапредната возраст, се смета како фактор на ризик за развој на вагинален карцином.

Овие жени кои носат вакви влошки за корекција на статиката на гениталните органи треба да одат на почести гинеколошки прегледи.

Американското здружение за канцер (American Cancer Society) препорачува:

Сите жени треба да започнат со скрининг за цервикален карцином околу 3 години по започнување со сексулани односи. Жените кои немаат сексуалне однос до својата 18 година, би требало да го започнат својот скрининг не покасно од 21 година од животот. Скринингот треба да се прави секоја година, а се состои од редовен ПАПА тест или секои 2 години ако се користи поновиот ПАПА тест

Почнувајќи од 30 –тата година, жените кои имаат е нормални ПАПА теста, може да одат на скрининг поретко, односно на секои 2 ди 3 години.

Жените од 70 годишна возраст или, постари, кои имаат 3 или повеќе последователни нормални ПАПА тестови, и имале нормални ПАПА тестови во изминатите 10 години, може да престанат со скрининг за цервикалне карцином, но, секако, со претходна консултација со својот гинеколог.

Жените кои имале тотална хистеректомија (отстранување на целата матка) можат да одлучат да престанат со скрининг тестови, доколку претходно се консултираат со својот гинеколог. Жените кои имале хистеректомија, без отстранување на грлото на матката, ќе треба да продолжат со своите скрининг тестови за рак на грло на матка.