• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Комбинирање на протеинската храна во исхраната на вегетаријанците

Комбинирањето на протеинската храна е од огромна важност за постигнување на адекватен внес на протеини во исхраната на вегетаријанците. Всушност, се работи за комбинирање на расителна храна која содржи различни количини на есенцијални аминокиселини. Внесот на есенцијални аминокиселини е многу важен, бидејќи организмот нив неможе да ги синтетизира, а аминокиселините се градежни елементи на протеините. На пример, легуминозите (грав, леќа, соја) содржат многу малку аминокиселини кои содржат сулфур, но затоа пак се богати со аминокиселина лизин. Житариците се со потполно спротивен состав. Кога се комбинират легуминозите и житариците се постигнува склад на аминокиселинскиот состав.

Некои типични примери на намирници, кои се се комбинираат во одредени земји се:

  • Грав и тортиљи (во Централна Америка).
  • Грав и ориз (во Јужна Америка).
  • Ориз и тофу (во Кина и Јапонија).
  • Ориз и леќа (во Индија).
  • Путер од кикирики и леб (во САД).

Иако не е потребно да се внимава на комплементарноста на протеините во секој оброк, вкупниот дневен внес на протеини мора да ги задоволи сите потребни количини на есенцијални аминокиселини.

 

Прочитајте и: