• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Разлика меѓу козјото и кравјото млеко

Козјото млеко се разликува од кравјото по бојата, вкусот и мирисот. Козјото млеко содржи помалку натриум, а повеќе калиум и хлориди. Содржи помалку железо, фолати и витамин Д, па доенчињата кои се на исхрана само со козјо млеко можат да заболат од еден вид на анемија, т.н. мегалобластна анемија, која се јавува како последица на недостаток на фолати и витамин Б12. Поради опасноста од бруцелоза, козјото млеко треба да се свари веднаш после молзењето.

Козјо млеко.

Во однос на кравјото, козјото млеко содржи повеќе есенцијални масни киселини и полесно е за варење, бидејќи неговите масти се составени од помали честички, за разлика од мастите од кравјото млеко, кои се потешки за варење. Калориската вредност на козјото млеко е скоро иста со онаа на кравјото.

Козјото млеко е добар извор на минерални материи, кои му се потребни на човечкиот организам. Одличен е ивор на витамини. Еден литар козјо млеко ја содржи дневната потреба за витамини за човечкиот организам.

Белковините од козјото млеко се слични со белковините во мајчиното млеко.

Од козјото млеко се прави и сирење, кое е многу здраво. Во светот постојат 450 вида козјо сирење.

Козјото млеко и сирење се препорачува за прочистување на организмот и за зголемување на имунитетот.

 

Прочитајте и: