• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Покана до сите граѓани на Република Македонија – 15 септември, Даре Џамбаз, 11 часот

По повод светската недела на простатата и светскиот ден на ракот на простата, 15 Септември, невладината организација „Здрава простата“ со поддршка на центарот за трансфер на знаења „САМОСВЕСТ“ организира отворена свечена трибина, која ќе се одржи на 15 септември, сабота, во големата сала на Црвениот крст на град Скопје (Даре Џамбаз) со почеток во 11 часот.

На отворената свечена трибина ќе земат учество познати експерти од областа на урологијата и онкологијата. Тие ќе говорат за сите аспекти на ракот на простатата (причини и фактори на ризик, превенција и скрининг, симптими и знаци на болеста, дијагностички процедури и тераписки опции).

Отворената трибина е одлична можност за подобра информираност и едукација на нашиот народ за ракот на простатата. Со подигање на нивото на медицинската култура и свест кај секој маж, ќе се овозможи рано откривање на болеста, а со тоа и поуспешно излекување.

Затоа, ги покануваме сите граѓани на Република Македонија да присуствуваат на оваа свечена манифестација.

Ве очекуваме.

  • Знаењето е моќ.
  • Информирајте се.
  • Прекинете го молкот.
  • Прашајте и проговорете.
  • Превенцијата и раната дијагноза го спасува животот.

 

Асс.д-р Лилјана Ацева-Андонова,

Специјалист радиотерапевт и онколог.
Идеен и активен творец на Македонскиот портал за ракот, www.rak.mk,
Иницијатор за формирањето на здружението „Здрава простата“ и негов главен стручен консултант.