• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Што е мочен меур и која е неговата функција во организмот? Печати

Мочниот меур е шуплив, растеглив (еластичен) орган кој е дел од уринарниот систем кај човекот. Сместен е во долниот дел на абдоменот, т.е во пределот на малата карлица.

Функцијата на мочниот меур е да ја собира и складира мочта, која се екскретира од бубрезите. Тој со едноставни зборови претставува „ќеса“ во која се насобира мочката создадена во бубрезите. Ескретираната мочка од бубрезите, минувајќи низ горните мочни канали (уретери) влегува во мочниот меур.

Кога ѕидовите на мочниот меур се стегаат мочката од мочниот меур се исфрла надвор минувајќи низ надворешниот мочен канал (уретра) при актот на мочањето. Уретрата е тесна цевка долга само 2,5-3 см.