• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Кељ – ефтина „суперхрана“

Што е тоа „суперхрана“?

Прво тоа беа боровинките, па спанаќот, па белиот чај, брусницата и брокулата. Во поново време научниците и лекарите, со современа технологија, утврдиле дека многу секојдневни и релативно ефтини намирници можат да ги заменат скапите таблети и превентивно да делуваат против многу сериозни заболувања. Тие намирници се наречени уште и „суперхрана“.

Kelj.

Кељот е намирница која спаѓа во суперхрана. Овој лиснат зелен зеленчук се јаде во текот на целата година. Може да се измеша со овошје во блендер и да се пие како сок, да се јаде како салата, како вариво или запечен, како прилог на другите јадења или како здраво главно јадење.

Кељот е извонредно хранлива и нискокалорична намирница. Овој зелен лиснат зеленчук дава многу бенефиции за нашето здравје, но и убавина.

Богат е со микронутитиенти, вклучувајќи ги витамините А, Ц и Б6, минералите калциум, калиум, железо, манган, бакар, каротеноиди и хлорофил. Содржи лутеин и зеаксантин, кои го чуваат здравјето на очите. Овие фитохемикалии помагаат во заштитата на очите од штетното влијание на УВ зраци од сонцето и другите извори и го спречува настанувањето на катаракта.

Исто така, поради големото количество на втамин Ц, кељот е одличен за кожата, го подобрува нејзиниот тонус, еластичноста и младешкиот изглед.

Кељот се бори против инфекциите и помага во намалувањето на нивото на холестеролот во крвта.

Состојките кои се наоѓааат во кељот се ефикасни в борбата против некои видови на рак, како на пример ракот на желудникот, дебелото црево, дојката и јајчникот.

Кељот содржи растителни влакна кои го регулираат варењето на храната, спречуваат запек и помагаат во спречување на прејадување. Богат е со антиоксиданси, го зајакнува имунитетот, ги одржува здрави коските и забите, ги штити репродуктивните органи и една е од намирниците за детоксикација на организмот.

Кељот е одличен извор на витаминот Б кој е растворлив во вода, богат е и со железо, поради што им се препорачува на слабокрвните лица. Два американски центри, Центарот за контрола на лекови и Центарот за контрола и превенција на болестите, на жените им препорачува дневен внес од 400 микрограми витамин Б растворлив во вода. Бремените жени посебно треба да внимаваат на овој внес, чиј недостаток може да предизвика сериозни невролошки последици кај детето.

Кељот е богат со калциум, кој може да се апсорбира дури за 30% повеќе, за разлика од калциумот во кравјото млеко.

Поради лековитите својства, стручњаците препорачуваат да се конзумира претежно во свежа состојба, како салата со додаток на лук. Се препорачува посебно на заболените од реума, висок крвен притисок или на луѓе кои имаат проблеми со варењето.

Свежиот сок од кељ е еден од омилените здрави пијалаци во Јапонија, а шејкот со банана, какао и протеини од сурутка е совршен доручек.

 

Прочитајте и: