• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Антидиетен програм - едноставен и ефикасен програм при кој не треба да ги броиме калориите

Овој програм дозволува неограничено количество на храна без броење на калориите, а бара само еден компромис – појадување исклучиво овошје.

Овошје.

Овошјето е богато со витамини и минерали кои се природни одбрамбени состојки против многу болести.

Наутро може да издете овошје колку сакате, под услов претходно ништо друго да не сте јаделе.

Идеалната телесна тежина тешко е да се одржи, но не е и невозможно. Една од методите за брзо губење на килограмите и без многу мака е појадување само на овошје. Не станува збор за некоја волшебна формула за слабеење, туку за нов, поинаков начин на исхрана: антидиетен програм.

Овој антидиетен програм дозволува неограничено количество на храна без броење на калориите, а бара само еден компромис – појадувајте исклучиво овошје.

Антидиетниот програм се базира на природните циклуси во телото.

Како делува антидиетата?

Ефективноста на оваа метода се базира на немешање на одредени видови на храна. Јаглехидратите се јадат наутро и попладне, а протеините навечер. На тој начин храната минува низ желудникот за три наместо за дванаесет часа, а заштедената енергија се искористува за елиминација на штетните материи и за слабеење.

Започнете го денот со овошје

Можете да јадете овошје колку сакате доколку пред тоа ништо не сте јаделе. Единствен услов е овошјето да биде свежо. Ако сте многу гладни можете да изедете една или две банани и ништо повеќе, па дури ни кафе.

На пладне можете да јадете сиров зеленчук или салати, цели житарици, свежо сирење.

Навечер може да јадете пилешко месо или риба комбинирани со зеленчук или салати како прилог. Алкохолот не е дозволен, а треба да пиете доволно количество на природна вода (се препорачуваат околу 2 литри дневно).

Предности

Овој програм на исхрана обезбедува витамини, минерали и растителни влакна, кои го олеснуваат варењето на храната. Зголемената количина на овошје и малата количина на масти доведуваат до брз губиток на телесната тежина.

Недостатоци

Големиот внес на овошје и зеленчук може да предизвика подуеност, грчеви или пролив. Недостатокот на јаглехидрати може да предизвика слабост, ако овошјето кое сте го избрале за појадок е сиромашно со јагленохидрати. Бананата содржи најмногу јагленохидрати. Антидиетата не се препорачува на лица кои се под јак стрес, бидејќи нив им се потербни поголеми количини на протеини.

Сепак, имајте на ум дека секоја диета не е апсолутно добра за вашето здравје. Затоа, пред да се посветите на „новиот“ режим на исхрана, разговарајте со вашиот матичен лекар.

 

Прочитајте и: