• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Новооткриена улога на витаминот Ц на мозокот

Според најновите истражувања објавени во списанието „Journal of Neuroscience“, невроните на мрежницата за да можат правилно да функционираат имаат потреба од витамин Ц.

Бидејќи мрежницата е дел од Централниот нервен систем, ова откритие укажува на важната улога на витаминот Ц во функционирањето на мозокот.

Посебната група на нервните рецептори (ГАБА) ја модулираат брзата комуникација помеѓу мозочните клетки. Тие делуваат како инхибиторна кочница на ексцитациските неврони во мозокот.

Истражувачите откриле дека овие рецептори во клетките на мрежницата (ретина) престануваат нормално да функционираат во отсуство на витаминот Ц, што укажува дека и за ГАБА рецепторите на некое друго место во мозокот, витаминот Ц, исто така, би можел да биде од клучно значење за нормално функционирање.

Сè уште не разјаснета улогата на витаминот Ц во мозокот, но факт е дека резервите на витаминот Ц во мозокот последни се празнат при недостаток на овој витамин во организмот.

Можеби токму недостатокот на витаминот Ц доведува до појава на депресија кај лицата заболени од скорбут.

Ова откритие, исто така, би можело да има влијание и врз другите болести како што се глаукомот и епилепсијата, бидејќи и двете состојби се предизвикани од пореметената функција на нервните клетки на мрежницата и мозокот, односно, постои зголемена нервна ексцитација поради пореметена функција на ГАБА рецепторите.

 

Најчитани наслови