• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Јуни - Национален месец за подигање на свеста за ракот кај мажите Печати

Јуни е Национален месец за подигање на свеста за ракот кај мажите. Во текот на целиот месец ширум светот се организираат многу активности, кои ќе ја подигнат свеста за ракот кај мажите.

Малигни заболувања кои ги погодуваат само мажите се: ракот на простатата, ракот на пенисот и ракот на тестисот.

Овие три малигни заболувања, карактеристични само за мажите, можат успешно да се излекуваат доколку се откријат на време, односно во раната фаза на болеста. Стапката на комплетно излекување и на ракот на простатата и на ракот на тестисот, во раната фаза на болеста, е над 90%. Затоа, од огромна важност е да се подигне свеста кај секој маж за важноста на превенцијата, на редовните скрининг прегледи и раното откривање на овие малигноми.

Затоа, Јуни е прогласен за национален ден за подигање на свеста за ракот кај мажите.