• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
3 јуни 2012 - Се одбележа Националниот ден на преживеаните од рак (National Cancer Survivors Day)

Националниот ден на преживеаните од рак (National Cancer Survivors Day) е ден на Славење на Животот (Celebration of Life). Овој ден се одбележува секоја година во голем број земји ширум светот, како во САД, Канада, Велика Британија и многу други.

На овој ден, учесниците на овој настан се здружуваат за да покажат дека животот по дијагноза на рак може да биде реалност. За милиони лица кои живеат со рак, „Националниот ден на преживеаните од рак“ е ден на СЛАВЕЊЕ НА ЖИВОТОТ.

Во многу земји, „Националниот ден на преживеаните од рак“ традиционално се одбележува во првата недела во месец јуни. Оваа година тој ден се одбележа на 3 јуни. Оваа година по 24 пат се прослави овој најголем настан за лицата кои го победиле ракот.

Лице кое го преживеало ракот е лице со историја на рак, од моментот на поставувањето на дијагнозата па сè до крајот на животот.

И оваа година, на 3 јуни им се оддаде почит на сите овие луѓе за нивната сила и храброст во борбата и во победата над ракот. Исто така, на овој ден им се искажa благодарност и на нивните семејства и на пријателите кои со својата морална подршка, љубов и разбирање им помогнале да истраат во оваа тешка борба. Благодарност им се искажува и на сите здравствените работници кои ги лекуваат пациентите со рак, како и на истражувачите кои со децении упорно истражуваат со цел да пронајдат што поефикасни начини за лекување на ракот.

Луѓето кои го преживеале и победиле ракот живеат нормален и квалитетен живот.