• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Млад кромид - ризница на витамини и минерали

Младиот кромид претставува вистинска нутритивна ризница на хранливи состојки. Тој е идеален додаток на јадењата и може да се приготви на различни начини.

Младиот кромид се одгледувал во кинеските градини уште пред 5000 години! Дали сте знаеле дека древните Египќани сметале дека главицата на младиот кромид го симболизира Универзумот?

Со почетокот на пролетта, заедно со останатиот зеленчук се појавува и младиот кромид. Освен што и дава на храната свеж мирис, младиот кромид гарантира и стабилно здравје, бидејќи е богат со многу корисни состојки.

Содржи многу витамин Ц, Б, К, А, калиум, калциум, керцитин (силен антиоксиданс) и хранливи влакна.

Се смета дека младиот кромид помага при широк спектар на заболувања, од обична настинка, па сè до срцеви заболувања, дијабетес, остеопороза, реума, рак. Тој содржи хемиски соединенија за кои се верува дека имаат антивоспалителни, антихолестеролски, антиканцерогени и антиоксидативни својства.

Едно од тие хемиски соединенија, на кое му се препишуваат многу корисни својства е кверцетинот. Оваа состојка може да помогне во третирањето на рак на простатата, бидејќи ги блокира машките хормони што го стимулираат растот на раковите клетки на простатата. Според други студии, кромидот помага и во лекувањето на воспалението на простатата. Кај мажите со воспалена простата (простатитис) што земале кверцетин се редуцирале уринарните симптоми.

Кромидот има прочистувачки својства, ги стимулира регенеративните процеси во човечкиот организам.

Познато е и дека кромидот помага во намалување на зголемениот холестерол, па заради тоа често се препорачува за одржување на здравјето на срцето и крвните садови. Уште од дамнешни времиња е познат и признат како антибиотик благодарение на витаминот Ц и кверцетинот.

Покрај тоа, кромидот ја прочистува и крвта, ги прочистува крвните садови и ја спречува атеросклерозата.

 

Прочитајте и: