• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Омега-3 масните киселини го намалуваат заморот предизвикан од карциномот! Печати

Резултатите од најновата американска студија покажале дека консумирањето на храна богата со омега -3 масни киселини им годи на жените заболени од рак на дојка. Омега-3 масните киселини го намалуваат заморот, односно ја зголемуваат енергијата, а ги има најмногу во масните риби како лососот, туната и скушата.

Како чест несакан ефект од хемотерапијата е чувство на замор (губиток на снага, малаксаност). Ова може да биде многу фрустрирачко за пациентот. Заморот може да постои и после одмор и спиење. Може да трае со недели или месеци по завршувањето на хемотерапијата, па затоа често се нарекува „хроничен замор”. Повеќето пациенти ја воспоставуваат својата вообичаена активност и енергија по 6 до 12 месеци од завршувањето на третманот.

Иако сеуште не е разјаснето што го предизвикува долготрајниот замор кај пациентите лекувани од карцином, научниците веруваат дека главен кривец е хроничното воспаление во организмот.

„Резултатите од нашето истражување јасно покажаа дека зголемениот внес на омега -3 полинезаситени масни киселини го намалува воспалението, но и физичките аспекти на заморот“, изјавила Dr. Rachel Ballard-Barbash.

Резултатите од истражувањето биле објавени во научното списание „Journal of Clinical Oncology“.