• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
ImMucin - Вакцина која го активира имунолошкиот систем да ги бара и уништува клетките на ракот!

Израелските научници од Универзитетот во Тел Авив создале вакцина кој му помага на организмот да ги препознава и уништува канцерогените клетки.

Првите тестирања на вакцината „ImMucin“ покажеле дека таа го јакне имунитетот на човекот и помага во борбата против малигните заболувања.

Имунолошкиот систем на организмот обично не ги препознава клетките на ракот како опасност, a вакцината „ImMucin“ – от го учи организмот да реагира на клетките на ракот.

Научниците сметаат дека препаратот може да стане ефикасно сретство во борбата против најраспространетите малигни заболувања, како што се ракот на белите дробови и ракот на простатата.

Доколку тестирањата на вакцината бидат успешни, таа ќе се најде на пазарот за 6 години.

 

Најчитани наслови