• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Оригано – зачин похранлив дури и од боровинките!

Ориганото е зачин кој е похранлив дури и од боровинките, портокалите или јаболките. Оваа вкусна билка содржи бројни минерали како што се бакар, ниацин и бета каротин, како и други хранливи материи.

Истражувањата покажале дека ориганото е 42 пати побогат со антиоксиданси од јаболката, 12 пати од портокалот и 4 пати од боровинката.

Ориганото, како и босилокот и рузмаринот содржи т.н. рузмаринска киселина. Овој јак антиоксиданс помага во спрешување на оштетувањата на клетките предизвикани од слободните радикали. На тој начин се намалува ризикот од рак, срцеви заболувања, атеросклероза и прерано стереење. Рузмаринската киселина има антивоспалително дејство и е ефикасен природен третман за алергиската астма.

Ориганото, исто така, изобилува со антибактериски својства. Содржи тимол и карвакрол. Истражувањата покажале дека овие две соединенија го спречуваат растот на многу видови на бактерии.

Оригано е ефикасен и при лекување на акни, артритис, малигни заболувања, воспалителни состојби и го спречува мутирањето на клетките. Го поттикнува варењето и функционирањето на црниот дроб и жолчката и успешно се применува кај акутните и хроничните воспаленија на синусите, при виросни ифекции, грип, настинка, како и при хронични главоболки.

 

Прочитајте и: