• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Мате чај - „Зелено злато на Индијанците“

Мате чајот (Yerba mate) го освежува организмот, го намалува заморот и напнатоста на мускулите и го ублажува стресот.

Резултатите од најновото истражување покажале дека мате чајот, кој долго и често се консумира во Јужна Америка, може да помогне и во превенцијата на ракот на дебелото црево. Научниците од „University of Illinois“ откриле дека канцерогените клетки на ракот на дебелото црево умираат кога се изложени на доволен број на биоактивни состојки присутни во една чаша мате чај.

Yerba mate e традиционален Уругвајски пијалок. Бразил, Аргентина и Парагвај се најголемите производители и потрошувачи на Yerba Mate чајот.

Листовите на матето се користат како храна и лек. Вообичаено свежите листови се потопуваат во топла вода неколку минути и чајот се пие или топол или ладен. По вкус мате чајот потсетува на црниот чај добиен од растението Camellia sinensis.

Билката содржи 11 витамини и минерали и 15 аминокиселини и има исклучително голема нутрициона вредност. Поради тоа, мате чајот е подобар од кафето, го освежува организмот, го намалува заморот и напнатоста на мускулите и го ублажува стресот.

Во народната медицина се користи за јакнење на имунитетот, при пореметувања на варењето на храната, за подобрување на апетитот и за детоксикација на организмот.

Мате чајот, исто така, го стимулира нервниот систем, го забрзува метаболизмот, има антибактериски и антиканцерогени својства. Тој е и познат природен диуретик, го стимулира и варењето на храната, го зголемува потењето и го зголемува работниот капацитет.

Аргентинското Министерството за здравство им дало препорака на сите бремени жени и доилки редовно да го консумираат мате чајот, поради неговата нутритивна вредност.

 

Прочитајте и: