• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Сокот од шипка го штити срцето!

Резултатите од најновото истражување покажале дека секојдневното консумирање на сок од шипка може да ги превенира срцевите заболувања, бидејќи го намалува крвниот притисок и нивото на холестеролот во крвта.

Истражувачите во својата студија вклучиле 31 луѓе со прекумерна тежина. Испитаниците консумирале во текот на шест недели пијалок збогатен со 40 грама прав добиен од шипка.

На крајот од своето истражување научниците ја измериле телесната тежина, крвниот притисок. мастите во крвта и толеранцијата на гликозата кај испитаниците, за да видат дали тие се во рана фаза на дијабет. Резултатите јасно покажале дека крвниот притисок на испитаниците се намалил за 3,4 проценти, додека нивото на холестерол паднал за речиси 5 проценти.

Плодот од шипката се користи за правење чај, џем и мармалад. Широко е распространет во народната медицина и се користи како универзалeн лек против настинки и вируси. Исклучително е богат со Витамин Ц и сите продукти од шипката се меѓу најбогатите извори на овој витамин.

Шипката ја подобрува и концентрацијата, ги спречува настинките и инфекциите, помага при проблеми со вените. Малите плодови на шипката веќе со векови се користат како народен лек за артритисот.

Резултатите од истражувањето биле објавени во списанието „European Journal of Clinical Nutrition“.

 

Прочитајте и: