• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Лековитоста на лиметата (Citrus aurantifolia)

Лиметата (Citrus aurantifolia) го зајакнува имунитетот, го подобрува варењето, го спречува запекот и уринарните инфекции, ги ублажува респираторни проблеми, ја прочистува крвта, а корисна е и за слабеење.

Агрумите (лимон, лимета портокал, мандарина), освен што содржат витамин Ц, чии оксидативни својства се добро познати, тие претставуваат и вистински фитохемиски лаборатории.

Лиметата е овошје со зелена кора и светлозелена пулпа. Има сличен изглед и мирис со лимонот, но сепак лиметата е друг вид на цитрус. Приближно 100 гр лимета содржи само 30 калории, 11 гр јаглехидрати, 1,7 грама шеќери, 0.2 грама масти, 0,7 грама протеини и дури 29 мг. Ова овошје е најкисело и има многу јаки антибактериски својства.

Лековити својства

Лиметата го зајакнува имунитетот, го подобрува варењето, го спречува запекот и уринарните инфекции, ги ублажува респираторни проблеми, проблемите со кожата и непцата, ја прочистува крвта, корисна е за слабеење, а се употребува и во исхраната и козметиката.

Етеричните масла, кои ги содржи плодот на ова овошје, го стимулираат варењето на храната, а чаша топла вода со сок од лимета помага при слабеењето. Етеричните масла од лиметата го стимулираат излачувањето на желудниковите сокови, жолчните киселини, ја стимулираат перисталтиката на цревата, па затоа се препорачува во случаи на запек (опстипација). Овие масла се користат и за приготвување на мелеми и инхалатори, кој за кратко време ги олеснувааат тегобите како што се гадењето или отежнатото дишење предизвикани од респираторните инфекции.

Лиметата е многу богата со калиум и е ефикасно природно средство за елиминирање на токсичните материи кои се насобирааат во бубрезите и мочниот меур. Поради тоа, лиметата го забрзува излекувањето на уринарните инфекции.

Лиметата е богата со витамин Ц, кој е јак антиоксиданс и може да се „спротивстави“ на негативните последици настанати при изложувањето на сончевите зраци.

Сокот од лиметата ја намалува штетата предизвикана од страна на слободните радикали, споеви кои што настануваат под влијание на надворешни чинители како загадувањето, пушењето, сончевото зрачење, но и како производ на реакциите кои се одвиваат во нашиот организам.

Витаминот Ц од лиметата ги уништува натрупаните слободни радикали, кои предизвикуваат значителна штета на ткивата и речиси ги „голтаат“ колагенот и еластинот, градбени компоненти на кожата, предизвикувајќи, за почеток, создавање брчки на кожата.

Сокот од лиметата ја одржува кожата млада и еластична, а игра важна улога и во регенерација на веќе оштетената кожа, го ублажува исипот и јадежот на кожата предизвикани од инфекцијата. Козметичките препарати на база на лимета и го враќаат на кожата блескавиот и кадифен изглед.

Лимонската киселина од плодот на лиметата е одличен согорувач на мастите, па им се препорачува и на дијабетичарите, како и на лицата кои сакаат на здрав начин да изгубат неколку килограми.

 

Прочитајте и: