• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Мате чајот може за превенција на ракот на дебелото црево

Резултатите од најновото истражување покажале дека мате чајот, кој долго и често се консумира во Јужна Америка, може да помогне во превенцијата на ракот на дебелото црево.

Научнците од University of Illinois откриле дека канцерогените клетки на ракот на дебелото црево умираат кога се изложени на доволен број на биоактивни состојки присутни во една чаша мате чај.

Резултатите од истражувањето биле објавени во научното списание Molecular Nutrition and Food Research.

Мате чајот се добива од растението Ilex paraquariensis, зимселено дрво кое цвета од октомври до декември. Зелените листови и црвените бобинки со карактеристичен изглед, успеваат само во Јужна Америка, каде Yerba Mate чајот се нарекува уште и „пијалок на боговите“.

Поради климатските услови кои доминираат во овие подрачја, мате чајот неможе никаде на друго место да се одгледува освен во Јужна Америка.

Бразил, Аргентина и Парагвај се најголемите производители и потрошувачи на Yerba Mate чајот.

Листовите на матето се користат како храна и лек. Вообичаено свежите листови се потопуваат во топла вода неколку минути и чајот се пие или топол или ладен. По вкус мате чајот потсетува на црниот чај добиен од растението Camellia sinensis.

Билката содржи 11 витамини и минерали и 15 аминокиселини и има исклучително голема нутрициона вредност. Поради тоа, мате чајот е подобар од кафето, го освежува организмот, го намалува заморот и напнатоста на мускулите и го ублажува стресот.

Во народната медицина се користи за јакнење на имунитетот, при пореметувања на варењето на храната, за подобрување на апетитот и за детоксикација на организмот.

Мате чајот, исто така, го стимулира нервниот систем, го забрзува метаболизмот, има антибактериски и антиканцерогени својства. Тој е и познат природен диуретик, го стимулира и варењето на храната, го зголемува потењето и го зголемува работниот капацитет.

Аргентинското Министерството за здравство им дало препорака на сите бремени жени и доилки редовно да го консумираат мате чајот, поради неговата нутритивна вредност.

 

Прочитајте и: