• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Превенција и скрининг Печати

Дали ракот на вулвата може да се превенира?

Најдобар начин за да се намали ризикот за рак на вулвата е да се избегнуваат познатите фактори на ризик, како и да се навремено откријат и лекуваат преканцерозните промени. Но, бидејќи многу жени со рак на вулва немаат ниту еден од овие ризик фактори, не е можна целосно сигурна превенција на ракот на вулвата.

Студијата која ја спровеле данските научници покажала дека како статистички значајни фактори на ризик за настанувањето на ракот на вулвата биле: присуството на аногенитални брадавици (кондиломи) предизвикани од ХПВ вирусот, брачната состојба, пушењето, консумирањето на алкохол и нивото на образованието.

Како да се намалат факторите на ризик за рак на вулва?

Избегнување на ХПВ инфекција

Најдобар начин да жената го намали својот ризик за развој на ракот на вулва е да се обиде да ги избегне инфекциите со ХПВ вирусот.

Инфекцијата со ХПВ вирусот е многу честа. Всушност, околу 80% од жените се инфицирани со овој вирус до својата 50 -та годишна возраст. Инфекцијата со ХПВ вирусите се пренесува по сексуален пат.

Таа е една од најчестите сексуално преносливи болести.

ХПВ вирусот може да предизвика многу видови на рак, вклучувајќи го тука и ракот на грлото на матката. Научниците веруваат дека, во многу голем процент, гинеколошките тумори кај жената се поврзани со инфекцијата со ХПВ вирусите.

Иако не постои сигурен метод за превенција од ХПВ инфекцијата, сепак постојат неколку работи кои можат да го намалат ризикот кај жената за рак на вагина:

  • Нејзиниот сексуален партнер треба секогаш да користи кондом при сексуалниот однос. Неодамнешните истражувања покажаа дека кондомите обезбедуваат одредена заштита против ХПВ инфекцијата.
  • Да се ограничи бројот на сексуалните партнери.

Постои тест кој овозможува да се открие дали жената има ХПВ вирус и ХПВ инфекција. ХПВ тестот рутински се спроведува кај жените на возраст од 30-те години, заедно со ПАПА тестот. Претходни генитални заболувања.

Пушење

Непушењето е уште еден начин да се намали ризикот за рак на вулвата. Жените кои не пушат се исто така, со помал ризик за развој на многу други видови на рак како: рак на белите дробови, на усната празнина, на јазикот, на грлото, на мочниот меур, на бубрегот и на некои други органи.

Откривање и лекување на преканцерозните состојби - промени на клетките на вулвата

Превенцијата на ракот на вулвата се состои и во раното откривање и лекување на преканцерозните состојби на вулвата како: како вулварните дистрофии, Paget-овата болест и слично.