• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Невроендокрини тумори на панкреасот Печати

Невроендокриниот тумор на панкреасот е многу редок тумор на панкреас, кој е помалку агресивен од многу поопасниот и поагресивен егзокрин тумор.

Невроендокриниот тумор на панкреасот започнува да расте во клетките на жлездите во каналите на панкреасот. Пациентите со невроендокрината форма на тумор живеат подолго во споредба со оние кои имаат езгокрин (аденокарцином) на панкреасот. Според CNN, ракот на панкреасот обично има пет-годишна стапка на преживување. Стапката за неуроендокрините тумори може да се движи од 50-80 проценти, додека кај егзокрините тумори таа изнесува помалку од пет проценти.

Видови на тумори на панкреасот

Ракот на панкреасот напаѓа два вида на жлезди содржани во панкреасот: егзокрините жлезди кои произведуваат и лачат дигестивни сокови (ензими), кои помагаaт во раградувањето на мастите и протеините, и ендокрините жлезди кои произведуваат и лачат хормони (како инсулин и глукагон), кои го регулираат нивото на шеќерот во крвта. Овие хормони помагаат организмот да ја складира и користи добиената енергија од храната.

Симптоми на невроендокрините тумори

Невроендокрините тумори може да растат полека.Тие можат да бидат фuнкционални и нефункционални. Оние кои се функционални може да лачат хормони и да предизвикаат симптоми како што се улкуси на желудникот, висок или низок шеќер во крвта или исип на кожата. Нефункционалните тумори може да растат без да бидат забележани, бидејќи не лачат хормони или симптоми.

Сепак, симптомите во раните фази се нејасни и можат да биде поврзани со многу други состојби. Симптомите, обично, вклучуваат губење на апетит, болки во грбот и абдоменот, хроничен замор и жолтица.

Третман на невроендокрините тумори

Неуроендокриниот рак има тенденција да се шири од панкреасот кон црниот дроб, вели Dr. Jack Jacoub, медицински онколог во Memorial Care Cancer Institute во Orange Coast Memorial Medical Center, California. Затоа многу локални третмани се фокусираат на напаѓање на клетките на ракот во црниот дроб, вклучувајќи нивно уништувајње со топлина или со трансплантација на црниот дроб.