• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Причини и ризик фактори PDF Печати
Среда, 09 Јули 2008 11:31

Епидемиологија

Карциномите на вулвата се ретки гинеколошки тумори (околу 5% од гинеколошките малигноми), карактеристични за напредната возраст, со пик на инциденцата кај пациентки над 65 години.

Причини и фактори на ризик

Како и за другите карциноми, така и за карциномот на вулвата, причините за негово јавување не се познати. Но, постојат одредени фактори на ризик, кои ја зголемуваат можноста за појава на ова малигно заболување кај одредени жени.

Сепак, присуството на еден или повеќе фактори на ризик, не значи и сигурно заболување од овој малигном.

Како докажани фактори на ризик за карциномот на вулвата се:

Возраст

Инциденцата на карциномот на вулвата кај жени под 45 годишна возраст е помала од 1 на 100 0000, додека кај возраст од 85 години, инциденцата изнесува 19 на 100 000.

Раса

Белите жени над 80 годишна возраст се со 0.23 до 4.0 пати повисок ризик од црните жени на истата возраст.

Претходни генитални заболувања

Воспаленија, инфекции, особено со HPV или HSV тип 2, постоење на преканцерозни лезии на вулвата, како вулварните дистрофии, Paget-овата болест и слично.