• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Бевацизумаб одобрен од Европската Комисија (European Union) за третман на напреднат рак на јајчник

Лекот Бевацизумаб е одобрен од страна на Европската Комисија (European Union) за третман на ракот на јајчникот. Бевацизумаб во комбинација со стандардната хемотерапија (carboplatin и paclitaxel) е иднициран како третман од прва линија, по реализираниот оперативен третман, кај пациентките со напреднат рак на јајчник.

Денешното одобрување на Бевацизумаб е првиот голем напредок во третманот на пациентките со новодијагностициран рак на јајчник во последниве 15 години“, изјавил Dr. Hal Barron, шеф на Одделот за развој на производи.

Ова е петтиот тип на тумор за кој Бевацизумаб е одобрен во Европа, што го вбројува во малкуте биолошки лекови кои имаат индикација за третман на повеќе видови на рак.

Ракот на јајници е осмиот најчесто дијагностициран рак кај жените и седмата водечка причина за смрт од рак кај жените во светски рамки. Годишно на над 220,000 жени во светот ќе им биде дијагностициран рак на јајници и во просек 140,000 ќе умрат од оваа болест.

За жал, ракот на јајчникот најчесто се открива во понапреднатите стадиуми на болеста. Причина за тоа е што ова малигно заболување има подмукол ток и што, во почетните стадиуми, обично не дава или дава некарактеристични симптоми, кои можат да бидат занемарени од страна на пациентката.

Така, ракот на јајчникот, само во 30 до 35% од случаите се открива во раните стадиуми на болеста (стадиуми I и II). Во 60-65% од пациентките, ракот на јајчникот се открива во напреднатите стадиуми на болеста (стадиуми III и IV). Причина за тоа е непостоењето на рани симптоми и знаци на болеста.

Лекувањето на ракот на јајчникот започнува со хируршки третман, после кој следи хемотерапијата, но за жал, ракот на јајчникот е чест убиец, бидејќи често се дијагностицира доцна, кога е веќе се проширил на околните ткива и органи или метастазирал.

Две фаза III клинички студии покажале дека пациентките со рак на јајчник кои примале Бевацизумаб во комбинација со стандардната хемотерапија, а потоа продолжиле само со терапија со Бевацизумаб имале значително подолго преживување без прогресија на болста во споредба со пациентките кои примале само стандардна хемотерапија.