• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Улогата на радиотерапијата во третманот на малигните заболувања Печати

Со примената на високоенергетските машини, after-loading методите во брахитерапијата и софистицираното фракционирање, радиотерапијата си обезбеди значајно место во онкологијата како локо-регионален третман на малигните болести.

Ако се спореди со хирургијата, радиотерапијата има свои предности и недостатоци.

Успехот од радиотерапијата зависи од радиосезитивноста на туморот, што ги ограничува индикациите за нејзината примена, за разлика од хируршкиот третман, кој не зависи од хистолошкиот тип на туморот.

Предноста на радиотерапијата е во нејзината волуменска можност, бидејќи со неа може да се опфати значително поголем волумен на ткиво, на пример цел абдомен или цел граден кош, при што се избегнуваат опсежни, осакатувачки операции.

Исто така, во многу ситуации радиотерапијата ја потиснала хирургијата поради еднаквите тераписки резултати, но подобрите козметички и функционални ефекти, кои овозможуваат сочувување на зафатениот орган.

Така, радиотерапијата има предност во однос на хирургијата при лекувањето на голем број на тумори на главата и вратот (јазикот, гркланот, голтникот), усните, грлото на матката, простатата, мочниот меур и кожата.

Радиотерапијата може да биде радикална (куративна) и палијативна метода на лекување.

Радикалната радиотерапија може да се применува како:

  • надворешна радиотерапија (радикална и постоперапивна)
  • брахитерапија

Како радикална метода, радиотерапијата се користи во раните стадиуми на радиосензибилните тумори како што се: Хочкиновата болест и не-Хочкиновите лимфоми, семиномите (тумори на тестис) и многу други тумори.

Бидејќи кај радикалната радиотерапија се очекува излекување, или во најмала мерка долготрајно преживување, треба да се одбере најдобра техника на зрачење и фракционирање и доставување на полна зрачна доза во пределот на туморот, а истовремено да се обезбеди максимална заштита на здравите околни ткива и органи.