• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Витаминот Б12 не штити од сенилност?

Јадете ли месо, риба, школки и други морски плодови?

Витаминот Б12 го штити нашиот мозок од сенилност. До овој заклучок дошле научниците од Универзитетот Оксфорд откако проучувале 110 испитаници на возраст од 61 до 87 години. Испитаниците правеле тестови за памтење пред и после земање на витамин Б12. Постарите лица кои имале ниски нивоа на витамин Б12 биле изложени на шест пати поголем ризик од губење на меморијата во однос на лицата со задоволително ниво на витамин Б12 (средно или високо).

Исто така, лицата кои имаат помало количество на витамин Б12 во крвта најчесто се слабокрвни. Имено, витаминот Б12 помага во создавањето на црвените крвни зрнца.

Намирници богати со витамин Б12 се: црвено месо, црн дроб, морска риба, морски плодови, млеко и млечни производи.

За постигнување на благотворно дејство, доволно е да се внесе 500 микрограми од овој витамин.

Зошто е корисен витаминот Б12?

 

Прочитајте и: