• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Природен циклус на искористување на храната

Конзумирањето на што полесна храна, односно храна на која и е потребен пократок период на разградување во организмот е од големо значење ако сакаме правилно и здраво да се храниме.

Преработувањето на храната во желудникот трае 1 до 5 часа, во зависност од видот на храната. Лесно сварливата храна се преработува од 1-3 часа (ориз, овошје, поголемиот дел од зеленчукот, млеко, јајца), додека за да се свари лебот, варениот компир, млечните производи, месото и рибата, потребни се од 3 до 5 часа.

Храната која не е целосно разградена во организмот многу е потешко да се исфрли, што доведува до успорување на метаболизмот, дебелеење и создавање на токсини. Основен клуч за здрав организам и одржување на оптималната тежина всушност е редовно исфрлање и ослободување од токсичните отпадни материи. За да се постигне тоа потребно е организмот да го прилагодиме според биолошкиот процес на функционирање:

  1. внесување на храна во организмот и нејзина апсорпција - се одвива од пладне до 8 часот на вечер,
  2. асимилација, односно апсорпција и искористување на хранливите материи се одвива од 8 часот на вечер до 4 часот изутрина,
  3. елиминација односно исфрлање на отпадните материи од телото се одвива од 4 часот изутрина до пладне.

Посебна биолошка вредност на овошјето

Се смета дека овошјето е највредната храна која може да се внесе во организмот, затоа што содржи идеална рамнотежа не 5-те елементи што се важен фактор за правилно и здраво функционирање на организмот : 90% глукоза, 4-5% аминокиселини, 3-4% минерали, 1% масни киселини, 1% витамини. Поради тоа, за разградување на овошјето не е потребна дополнителна енергија, што значи организмот штеди енергија која се искористува за прочистување. Кога зборуваме за овошје мислиме на свежо овошје затоа што поради својата специфична природа, вареното и преработеното овошје ги губат споменатите својства и доведуваат до киселост во организмот.

Во периодот на конзумирање на храна се препорачува овошјето и соковите да се конзумираат 30 мин пред која и да било друга храна, за да не дојде до мешање на храната во желудникот. Мешањето на овошјето со другата храна доведува до ферментација, со која се губат хранливите материи и се отежнува и успорува метаболизмот. После 10 минути од земањето на сокови може да се продолжи со свежа салата, а после тоа со правилно комбинирана храна. Неправилно комбинираната храна доведува до пореметување во процесот на асимилација и елиминација. Кога храната е правилно искомбинирана организмот може целосно да ја искористи, да ја разгради, апсорбира и да ги искористи сите хранливи материи.

Преземено од Рингераја.

 

Прочитајте и: