• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Природни извори на витамин К Печати

Витаминот К се јавува во две основни природни форми – како К1 или филокинон и како K2 или менакинон. Витаминот К е познат и под називот „коагулационен витамин“, бидејќи учествува во коагулацијата (згрутчувањето) на крвта. Долго се сметало дека витаминот К е задолжен само за згрутчување на крвта. Но, понатамошните истражувања докажале дека овој витамин е присутен и во метаболните процеси на ткивата и коските.

Најголем природен извор на витаминот К1 е зелениот лиснат зеленчук, како што е: спанаќот, зелката, кељот, прокељот, карфиолот, брокулата. Го има и во кивите, во некои растителни масла, најмногу во сојиното масло, а две лажички магданос содржат дури 153 % од дневните потреби на организмот.

Значајни количини на витаминот К2 има во месото, јајцата и млечните производи.

Бактериите кои влегуваат во состав на нормалната цревна флора, исто така, можат да направат одредена количина на витамин К. Лицата кои земаат поголеми дози на антибиотици се во опасност од недостаток на овој витамин, бидејќи антибиотиците ја нарушуваат нормалната цревна флора.