• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Dr. Penny Stanway, авторката на книгата „The Miracle of Lemons“, тврди: Лимоните се чудотворна хранa

Сок од лимон пијте наутро пред доручек, бидејќи ова ќе го забрза метаболизмот, а калориите нема да се „лепат“ на критичните места. Но, покрај за намалување на килограмите, лимонот помага и при сериозни здравствени проблеми.

Dr. Penny Stanway, авторката на книгата „The Miracle of Lemons“, тврди дека лимоните се чудотворна храна. Освен што лимонот е најдобар избор ако сакаме да ја згаснеме жедта и да ја победиме високата температура, тој е добар и за цел низ на заболувања и здравствени тегоби. Дури и ако сакаме да добиеме витко тело и тенок струк.

Топење на вишокот килограми

Со сокот од лимот полесно ќе го стопиме вишокот на килограми и ќе го спречиме натрупувањето на мастите на погрешните места, тврдат научниците. За најдобри резултати, сокот од лимонот пијте го наутро на гладно срце, пред доручекот, бидејќи така ќе го поттикнете и забрзате метаболизмот, а калориите нема да се „лепат“ на критичните места.

Каменчиња во жолчната кеса

Околу 80 % од жолчните каменчиња со состојат од холестерол, кога црниот дроб или жолчката неможат успешно да го исфрлат од организмот. Поради недостатокот на желудечна киселина, кој може да биде предизвикан од стрес, земање на одредени лекови или од стареењето, контракциите на жолчната кеса можат да бидат ослабени. Со тоа се објаснува намаленото и нередовното празнење на жолчниот сок и заостанувањето на стар, застојан жолчен сок, кој потоа се таложи во холестеролски каменчиња. Затоа се препорачува консумирање на кисели намирници пред оброкот, бидејќи тие можат да ја имитираат желудечната киселина и да ги засилат контракциите на жолчната кеса со кои би можеле да се исфрлат малите каменчиња. Лимонот е за овој проблем идеална намирница

Кашлица

Лимонот делува и како експекторанс т.е. го потпомага исфрлањето на секретот од дишните патишта. Затоа лимонот е неоходен при настинка или грип.

Петогодишното истражување, кое било спроведено над повеќе од 63.000 луѓе од Сингапур, покажало дека исхраната богата со овошје може да ја ублажи хроничната кашлица. Флавоноидите, кои имаат антиоксидативни својства, ги штитат белите дробови од воспаленија и го намалуваат оштетувањето на ткивата.

За да ја ублажите кашлицата, испијте лимоната или иселечете пола лимун на тенки кришки и ставете ги во пола литар вода заедно со ленени семки (кои, исто така се познати како јак експекторанс) и варете ги на тивок оган околу 20 минути. Процедете ја смесата и засладете ја со малку мед.

Псоријаза

Псоријазата е хронична кожа болест која бара упорно и долготрајно системско лекување. Се чини парадоксално, но лимонската киселина од сокот од лимонот може да ја ублажи сувоста на кожата и да го намали нејзиното перутање и лупење. Воедно ја подобрува влажноста на кожата и го поттикнува отстранувањето на мртвиот слој на клетките.

Неколку пати дневно нанесете разреден лимонов сок на деловите зафатени со псоријазата и задрзете се само неколку минути на сонце. Во период од неколку недели, постепено зголемувајте го времето кое го поминувате на сонце. Лимоновиот сок е богат со псоралени, природни состојки од билките кои се многу осетливи на УВА зраците и реагираат на клетките на кожата. Многу дерматолози ги препишуваат проралените како таблети или како локални масти за кожата во комбинација со УВА терапијата, кога е во прашање псоријазата.

Нередовно празнење на цревата (запек)

Лимонот е богат избор на пектини, видови на растителни влакна кои во цревата се претвараат во гел и ги засилуваат контракциите на цревата. Од друга страна пак, целулозата од лимонот ја привлекува водата, што го олеснува варењето на храната. Во секојдневната исхрана вклучете го лимоновиот сок и кората од лимонот. Но при користење на кората од лимонот, внимавајте тој да е од органско производство.

Висок крвен притисок (хипертензија)

Калиумот од лимонот помага во регулацијата на телесните течности, а магнезиумот ги опушта артериите. Исто така, флавоноидите се нутритиенти кои на лимонот му ја даваат жолтата боја, а ги зајакнуваат капиларите и го подобруваат протокот на кислородот во организмот. На тој начин ги зајакнувааат крвните садови и го намалуваат високиот крвен притисок.

Витаминот Ц од еден мал лимон може да ги опушти и прошири крвните садови, Исто така, лимоновиот сок го инхибира создавањето на хормонот ангистин во бубрезите. Овој хормон го покачува крвниот притисок така што ги стеснува крвните садови.

Уринарни инфекции

Нездравата исхрана ги влошува симптомите на воспалението на мочниот меур (цистит), бидејќи киселата урина ги зголемува болките. Нормалниот pH на урината варира измеѓу 4,5 и 9, а идеален pH на урината е околу 5,8 и 6,8. Изненадувачки е дека лимоновиот сок во нашето тело има благ алкализирачки ефект.

Консумирајте сок од половина ломон два до три пати неделно. Лимонот можете да го користете и како замена за оцет. Користете го како додаток на салати, разни сосови за тестенини и специјалитети од риба.

 

Прочитајте и: