• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Алтернативи методи кај канцерот
Јогата и вежбите за истегнување подеднакво ефикасно ја намалуваат хроничната болка во грбот Печати

Резултатите од најновото истражување покажале дека редовното практикување на јога и вежби за истегнување подеднакво ефикасно ја ублажуваат хроничната болка во долниот дел на грбот и ја подобрувааат функцијата на 'рбетот.

Студијата, во која учествувале 228 пациенти со хронична болка во грбот, покажала дека редовното вежбање на јога ефикасно ја намалува хроничната болка во `рбетот, како и вежбите за истегнување, односно корективната гимнастика.

За да утврдат дали јогата е поефикасна од конвенционалните вежби за истегнување или прирачниците за самопомош, научниците ги поделиле учесниците во студијата во три групи. Првата група испитаници вежбала јога во тек на 12 седмици, додека другата група практикувала вежби за истегнување. Третата група на испитаници ги проучувала разните прирачници за самопомош збогатени со информации за причините за болката во грбот и со совети за вежбање и промена на животните навики.

„Резултатите од нашето истражување покажаа дека не постои ниту статистички ниту клинички значајна разлика помеѓу јогата и вежбите за истегнување. И двете физички активности подеднакво квалитетно допринесуваат за истегнување и јакнење на грбните мускули кои го поддржуваат `рбетот“, заклучиле научниците.

Резултатите од истражувањето се објавени во онлајн изданието „Archives of Internal Medicine“.

ИСТРАЖУВАЊЕ: Јогата го подобрува сонот и квалитетот на живот кај пациентите со рак