• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Дудинка - нова супер намирница

Резултатите од најновото истражување покажаа дека дудинката е новата супер намирница. Експертите тврдат дека ова овошје обилува со лековити својства, кои го успоруваат стареењето, го враќаат младешкиот изглед на кожата и ја намалуваат појавата на брчки.

Освен што го успорува стареењето на кожата, дудинката е добра за здравјето на целиот организам. Студијата покажала дека сокот од дудинките содржи двојно повеќе антиоксиданси од сокот од портокалот, од напитокот од брусница или од една шака боровинки.

Експертите потсетуваат дека дудинката се користи уште од дамнешни времиња како природен лек против настинка и други болести. Тие сметаат дека лековитоста на дудинката се должи на богатиот извор на антиоксиданси, кои ги содржат овие ситни плодови.

• Лековитите својства на дудинката

 

Прочитајте и: