• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Кој пие млеко за појадок, помалку јаде за ручек! Зошто?

Чаша млеко или овошен сок за појадок дава чувство на ситост, па луѓето се помалку гладни за ручек, тврди новата студија.

Австралиското истражување потврдило дека дебелите луѓе кои пиеле или млеко (со помалку масти) или сок за појадок се чувствувале сити, па јаделе помалку за ручек, но само во деновите кога пиеле млеко.

Причините за ова се уште не се точно утврдени. Сепак, можно е дека протеините во млекото се поефикасни во задоволувањето на апетитот, отколку шеќерот во сокот.

Луѓето често ги избегнуваат млекото и млечните производи кога се на диета. Но, самата порака на студијата кажува како немасното млеко го „држи под контрола“ апетитот, барем кога млекото се користи како замена за напиток со повеќе шеќер, но со сличен број на калории.

Научниците во студијата вклучиле 34 дебели мажи и жени на два дена, кои биле во временско растојание од една недела. Едниот ден, испитаниците јаделе за појадок тост и мармалад и пиеле чаша млеко. Другиот ден, наместо млеко со тостот пиеле овошен сок.

И двата дена испитаниците јаделе ручек, а требале да јадат се додека не се почуствувале пополно сити. Научниците, исто така, го испитувале степенот на глад пред појадокот, неколку пати во текот на ручекот и повторно после ручекот.

Генерално, студијата покажала дека мажите и жените се чувствувале повеќе сити после појадокот со млеко. Тие во просек за ручек јаделе 8,5 % помалку калории. Калориите внесени во текот ручекот биле значително поголеми после појадокот со сок.

Претходните студии покажале дека генерално протеините ствараат чувство на ситост и делуваат на апетитот. Затоа е можно дека и протеините во млекото делуваат на ист начин.

Исто така, научниците откриле дека луѓето кои биле повеќе успешни во губење на тежината, имале повисоки нивоа на витаминот Д во крвта, кој е познат по тоа што ја зголемува апсорпцијата на калциумот. Нашето тело произведува витамин Д кога е изложено на сончевите зраци. Лекарите препорачуваат 15 минути сончање за да му овозможиме на нашето тело доволно витамин Д.

Витаминот Д, исто така, може да го внесеме и со храна или додатоци на исхраната. Намирници богати со витамин Д се лосос, туна, скуша, сардина, јајца, млеко и млечни производи.

Студијата е објавена во научното списание „American Journal of Clinical Nutrition“.

 

Прочитајте и: