• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Поточарка – нова супер намирница

Експертите тврдат дека поточарката е последна во долгата низа на новооткриени „супер - намирници“, кои содржат бројни хранливи и лековити состојки.

Поточарката е билја која расте во области со чиста вода (во реките, потоците, изворите), и припаѓа на фамилијата на зелките (Brassicaceae), каде, исто така, припаѓаат и зелката, брокулата, карфиолот и кељот папучар (прокељ).

Поточарката се смета за еден од најстарите видови на зелен зеленчук познат на човекот. Податоците за користењето на поточарката датираат уште од античката Персија, Грција и Рим. Познатиот Персискиот хроничар им советувал на луѓето да ги хранат децата со поточарка, со цел да се стимулира нивниот раст и развој. Исто така, тој ја препорачал поточарката и за исхрана на војската.

Во првата основана Хипократова болница на островот Кос, околу 400 п.н.е., поточарката се одгледувала на природните извори, и се користела за терапија на хематолошките пореметувања.

Денес е познато дека поточарката претставува богат извор на бројни витамини и минерали како што се витамините А, Ц, Е, К, минералите: калциум, калиум, манган, цинк, магнезиум и железо. Поточарката содржи бројни фитохемикалии, растителни влакна и се смета за нискокалорична супер храна. Таа може да се употребува како додаток на јадењата, во супите и соковите, но и како свежа салата.

Поточарката е идеална за одгледување во зима во оранжериите (под пластеници), кои не треба да се загреваат. Таа е единствена билка која не може да расте во загадените области и се смета за сигурен показател на чиста природа.

 

Прочитајте и: