• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Ацерола – суперхрана со најголемо количество на природен витамин Ц

Ацеролата е еден од најбогатите извори на природен витамин Ц. 100 грама плод од ацерола содржи дури 1800 милиграми витамин Ц. Тоа е 65 пати повеќе од плодот на портокалот.

Ацеролата (Barbados Cherry, Malphighia glabra Malpighia emarginata) е тропско растение кое расте во потопла клима. Позната е и како тропска или барбадос цреша, иако не е права цреша, повеќе е слична со агрумите.

Ацеролата успева во западна Индија, Барбадос, Јамајка и Суринам и ценета е токму поради исклучително високата содржина на природен витамин Ц.

Ацеролата расте како грмушка или како мало дрвенесто растение и достигнува висина од 5 до 15 метри. Нејзините гранки се кршливи и со влакненца. Листовите и се сјајни, со светло до темно зелена боја, елипсовидни, долги од 2 до 7 сантиметри и широки од 9,5 до 40 милиметри. Младите лисја се обложени со бели, свиленкасти, иритирачки влакненца. Цветовите на ацеролата имаат розевкаста или бела боја. Плодот на ацеролата е од 1 до 2 сантиметри во пречник и има светлоцрвена или портокалова боја. Плодот содржи неколку мали семки, жолтеникави и жилави.

Младите плодови на ацеролата се меки, сочни, со пријатен киселкаст вкус. Тие се многу здрави, бидејќи содржат големо количесто на витамин Ц и други корисни нутритиенти, кои се јаки антиоксиданси и ги уништуваат слободните радикали кои ги оштетуваат клетките и можат да предизвикат бројни заболувања.

Ацеролата освен што е најпознат потентен извор на природен витамин Ц, таа содржи и биофлавоноиди, органски киселини, антоцијани провитамин А, витамин Б1, Б2, Б3, железо, фосфор, калциум. Застапеноста на високата содржина на флавоноиди, антоцијани и органски киселини овозможува уште подобро да се искористи витаминот Ц, како и да се засилуваат неговите нутритивни својства.

Витаминот Ц учествува во многу метаболни процеси во организмот и е неопходен за одржување нормалната метаболна функција.

Ацеролата е супер храна, бидејќи има повеќекратни позитивни дејства врз здравјето на човекот. Таа го зајакнува имунолошкиот систем, кој се бори против бројни микроорганизми, вируси и други штетни агенси.

Ацеролата традиционално се користела во народната медицина како природно средство за јакнење на имунитетот.

Ацеролата се користи како превенција и лекување на состојби при недостаток на витамин Ц во организмот (хиповитаминоза), при зголемени потреби од витамин Ц (хемодијализа, карциноми, склоност кон крвавење, зголемена телесна температура, по хируршки операции, рани и изгореници, слабокрвност, кај децата во периодот на растот и развојот, го намалува заморот...

Ацеролата се користи како антиоксиданс, антифугален агенс.

Ацеролата е ефикасна и во следните здравствени нарушувања:

  • дизентерија,
  • хепатитис,
  • треска,
  • болести на црниот дроб,
  • инфекција,
  • настинка,
  • грип,
  • стрес,
  • физичко преоптоварување,
  • психички напор,
  • намален имунитет.

Ацеролата се консумира свежа, а се додава и на ароматичните пијалоци и слатки, особено на коктелите и сладоледите.

Ацеролата често се користи и во таблети на Ц витаминот. Од ацеролата се добив 95% витамин во форма на течност, која потоа се претвара во прав и се припрема концентрат. Може да се консумира и како концентриран сок. Ова овошје може да се најде во продавниците на здрава храна, сушена или како сок, како и во аптеките во форма на таблети, прав или концентриран џус.

 

Прочитајте и: