• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Терапија по стадиуми, план за третман Печати

Хируршки

  • Екстраплеурална пнеумонектомија со ексцизија на дијафрагмата и на перикардот ан блок, во комбинација со хемотерапија и/или радиотерапија, се препорачува. Меѓутоа, бројот на болни што се операбилни е мал, со морталитет што се движи од 6% до 30%. Треба да биде изведена од хирург-експерт во таа област и од посебен онколошки тим.
  • Плеуректомија и декортикација или плеуродеза се палијативни методи, кои го ослободуваат болниот од плевралниот излив и болката, со мал оперативен морталитет <2%.

Радиотерапија

  • Употребата на конвенционалната радиотерапија е лимитирана поради неможноста да се избегне висока радијациска доза на подолу сместеното белодробие. Таа се користи во палијативни цели. Модерните радиотераписки техники можат да распределат многу големи радијациски дози со куративна цел, по изведената екстраплеурална пнеумонектомија. Профилактичната радиотерапија покажува дека ја редуцира инциденцата на локалните метастази.

Хемотерапија

  • Аналози на платина, doxorubicin и некои антиметаболити (methotrexate, etatrexate, pemetrexed, ralitrexed) имаат покажано скромен ефект употребени како монотерапија.
  • Подобра контрола на симптомите на болеста може да се постигне со комбинација на gemcitabine со cisplatin.
  • Комбинацијата на pemetrexed (antifolat) и cisplatin ги подобрува преживувањето и квалитетот на живот во компарација со cisplatin употребен како монотерапија . Оваа хемотераписка шема е препорачана како стандарден третман.

Хемотераписки протоколи

Pametrexed* 500 mg/m2

Cisplatin 75 mg/m2

Вкупно 6 циклуси, на 21 ден

* Pemetrexed се користи со суплементација на витамини, и тоа: фолна киселина 350-1000 μг p.o.1-2 недели пред првата доза и додека трае третманот, плус витамин B12 1000 μг i.m 1-2 недели пред третманот и потоа на 9 недели, додека трае третманот.

Gemcitabine 125 0 mg/m2/ден 1, 8 ден

Cisplatin 75 mg/m2

Вкупно 6 циклуси, на 21 ден