• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Алтернативи методи кај канцерот
Антигравитациона јога – хит во САД и Велика Британија Печати

Christopher Harrison, со цел да го зголеми општото физичко и ментално здравје, дизајнирал фитнес режим т.н. Антигравитациона јога (AntiGravity Yoga). Тој вели дека овој нов стил на јога ви го подобрува здравјето додека се забавувате. Таа е предизвикувачка, забавна и ефективна.

Антигравитационата јога е уште еден од новите стилови на јога, која е комбинација од танц, пилатес и јога. Оваа дисциплина користи свилен материјал (висечка мрежа) закачен за таван, а може да издржи тежина од 1000 килограми.

Вежбите се изведуваат на овие висечки свилени мрежи, а ги активираат сите мускулни групи без големо напрегање. Најголемата предност на антигравитационата јога е максималната опуштеност.

За да го доведе организмот во рамнотежа, Christopher Harrison го смислил овој нов начин на вежбање.Тој им предлага на луѓето кои вежбаат јога да се обмотаат со свилена ткаенина која ќе ја закачат на таванот и во неа да медитираат, свртени наопаку.

Техниката за прв пат е креирана за атлетичарите и гимнастичарите, а од тогаш е модифицирана и усовршена и е перфектна за секојдневниот спортист. Christopher Harrison вели антигравитационата јога е безбедна и многу корисна.

„Медитацијата наопаку особено го релаксира духот и телото и редовно ја применувам со луѓето кои ги посетуваат моите тренинзи“, вели Christopher Harrison.

Антиграцитационата јога е хит во САД, а сега и во Велика Британија.

Christopher Harrison, го препорачува овој вид јога за сите, па дури и за децата и лицата со посебни потреби.

Погледнте го видеото за тоа како се изведува антигравитационата јога.