• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Најдобри пијалоци за здравје!

Ги пиете ли секојдневно?

Вода

Водата е извор на животот. Човечкиот организам не може да функционира без вода. Човекот може да живее без храна и неколку дена, но без вода ниту еден ден. Затоа се вели дека здравата вода е еликсир на здравјето.

Водата е составен дел на телото и претставува 70% од вкупната телесна тежина. Секој систем и процес во телото зависи од водата. Водата ги растворува, разградува и пренесува хранливите супстанции низ телото, обезбедувајќи им непречена работа на сите органи. Таа е вклучена во отстранувањето на отровите (токсините) од виталните органи, во пренесувањето на хранливите материи во клетките и во одржувањето неопходната влажност во ушите, носот и грлото.

Водата секојдневно се губи со дишење, потење, мочање и со варење на храната. Бидејќи човечкиот организам неможе самиот да создава вода, мора да ја надомести со конзумирање на чиста изворска вода и со храна која содржи вода (супи, сосови, овошје – лубеница, диња, портокал, зеленчук – крставици, тиквички, домат ).

На просечен возрасен човек му се потребни од 2,2 до 3 литри вода на ден. Препораките на експертите за исхрана се дека мажите треба да внесуваат 3 литри, а жените 2,2 литри течност дневно.

Без доволно вода почнуваме да чувствуваме замор и главоболка, а недостатокот на водата особено е видлив на кожата. Водата ја одржува нашата кожа помека, поеластична, и пред се, помлада. Најефективно е водата да се пие во помали количини во текот на целиот ден.

Млеко

Млекото е еден од најкомплетните прехрамбени производи. Млекото е богат извор на високо квалитетни протеини, јаглени хидрати, масти, витамини А, Б, Ц, Д, Е и К и минерали (калциум, фосфор, калиум и магнезиум).

Експертите препорачуваат секојдневно консумирање помеѓу 4.8 и 7.2 децилитри млеко. Дури и четири децилитри млеко содржат 600 милиграми калциум.

На возрасните лица до 50 години им требаат 1.000 милиграми калциум дневно, додека пак, дозата е зголемена за 200 милиграми, кога се во прашање постарите лица. Белковините од млекото учествуваат во изградбата на мускулите и ги прават поцврсти и појаки.

Млеко содржи доста калциум, кој е многу важен за одржување на цврстината и густината на коските. Исто така, содржи и доста калиум, кој е есенцијален минерал за одржување на нормален крвен притисок.

Во однос на кравјото, козјото млеко содржи повеќе есенцијални масни киселини и полесно е за варење. Калориската вредност на козјото млеко е скоро иста со онаа на кравјото. Белковините од козјото млеко се слични со белковините во мајчиното млеко. Се смета дека козјото млеко е поздраво.

Зелен чај

Докажано е дека зелениот чај содржи корисни полифеноли, кои се многу јаки антиоксиданси и кои помагаат во борбата против ракот и други заболувања, но и при диети, кај луѓето кои имаат проблем со спор метаболизам.

Нутриционистите сметат дека не е лошо да се потсетат луѓето зошто зелениот чај е здрав избор.

Не заборавајте, зелениот чај го штити организмот од рак. Лицата кои редовно консумират зелен чај имаат 12% помал ризик да заболат од рак на дојка, покажала кинеската студија која била спроведена на 6.928 жени.

Зелениот чај помага при губиток на килограмите. Докажано е да при диети, луѓето побрзо губат килограми доколку наместо вода пијат зелен чај. Лицата кои пиеле зелен чај изгубиле повеќе од 7% масни наслаги отколку луѓето кои пиеле други напитоци, со ист број на калории.

Зелениот чај го намалува ризикот од мозочен удар. Врз основа на 9 научни истражувања било докажано благотворното дејство на зелениот и црниот чај во превенцијата на мозочниот удар. Лицата кои пијат 2 до 3 шољи чај дневно имаат 21 % помал ризик да доживеат мозочен удар.

Зелениот чај ги чува непцата. Во студијата, во која учествувале 940 мажи, било докажано дека оние мажи кои пиеле зелен чај имале појаки и поздрави непца.

Зелениот чај ја спречува остеопорозата. Тајванските научници откриле дека високата содржина на полифеноли во зелениот чај ја одржува густината на коските и со тоа ја спречува остеопорозата. Затоа на жените, посебно во периодот на менопаузата им се препорачува да пијат зелен чај во поголеми количини.

Зелениот чај содржи состојки кој се способни да ги уништат или да го сузбијат развојот на вирусите и другите микроорганизми во телото. Истражувачите покажале дека овој напиток може да помогне во спречување на Алцхајмеровата болест, го намалуваат стресот...

Листата на придобивките од зелениот чај за здравјето на човекот, навистина е многу долга.

Сок од портокал

Средовечните мажи, кои секојдневно пијат пола литар сок од портокал во период од еден месец, можат значително да го намалат својот крвен притисок.

Според Светската здравствена организација (СЗО), 50% од сите случаи на срцеви и мозочни удари, се предизвикани од висок крвен притисок.

Само две часи сок од портокал дневно можат да го намалат крвниот притисок, а со тоа да го намалат и ризикот од кардиоваскуларни заболувања. Научниците сметаат дека позитивното дејство на сокот од портокал се должи на антиоксидансот хесперидин, кој се наоѓа во големи концентрации во сокот од портокал, но кој го има и во чаевите, сојата, какаото и другите видови на овошје. Овој антиоксиданс не штити од многу заболувања, бидејќи ги уништува слободните радикали, кои се одговорни за процесите на развивање на болестите и за старењето.

 

Прочитајте и: