• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Сувите сливи ја забавуваат атеросклерозата?

Сливите (суви или свежи) се богат природен извор на голем број на нутриенти како калиум, хранливи влакна, витамини К и Ц, а во трагови може да се најдат магнезиумот, железото и борот. Сите овие корисни нутриенти се јаки антиоксиданси, кои се борат против слободните радикали кои може да ги оштетат клетките на ткивата и органите и да го нарушат здравјето. Сувите сливи ги уништуваат слободните радикали во крвта, а колку помалку слободни радикали, толку повеќе здравје.

Во било кој облик сливата е богата со единствени фитонутриенти, неохлорогенски и хлорогенски киселини. Овие супстанции се класифицираат како феноли, а нивната улога на антиоксиданти во борбата против слободините радикали е потврдена во повеќе научни истражувања.

Од исклучително значење е способноста на свежите и сувите сливи да овозможат подобро искористување на железото во организмот, која се должи на витаминот Ц кој го има во сливите во големи количини.

Сувите сливи се познати по своето одлично дејство врз дигестивниот систем, но и врз здравјето на срцето и на крвните садови. Претходните студии утврдиле дека сувите сливи го намалуваат нивото на LDL холестеролот во крвта.

Најновата студија која била спроведена на лабораториски глувци покажала дека консумирањето на суви сливи го забавува развојот на атеросклерозата. Поради атеросклерозата доаѓа до постепено губење на еластичноста на sидовите на артериите. Стеснувањето на крвните садови и намалувањето на нивната еластичност доведуваат до отежната циркулација на крвта во срцето и другите ткива и органи, а со тоа се намалува и снабденоста на организмот со кислород и хранливи материи.

Најновата студија покажала дека сувите сливи, кои им се давале во вид на прав на лабораториските глувци со атеросклероза, значително ги намалиле оштетувањата на крвните садови, предизвикани од атеросклерозата. Научниците веруваат дека истите ефекти може да се постигнат и кај луѓето доколку секојдневно се консумираат 10-12 суви сливи.

Според најновите истражувања кои се направени, сливите се супер храна. Д-р Бурн изјавил дека резултатите од тестовите, исто така, покажале дека фитонутриентите во сливите може да го спречат растот на клетките на ракот на дојка без да ги оштетат здравите клетки. Сепак, истакнал дека се потребни дополнителни истражувања за да со сигурност се потврдат овие претпоставки.

 

Прочитајте и: