• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
Steve Jobs почина од невроендокрин тумор на панкреасот. Што е тоа? Печати

Ко-основачот на Apple и генијалниот визионер, Steve Jobs ја изгуби битката со ракот на панкреасот во средата (5.10.2011), осум години откако му беше дијагностициран многу редок тумор на панкреасот во 2003-та година.

Steve Jobs боледуваше од многу редок тумор на панкреасот – панкреатичен невроендокрин тумор, кој е помалку агресивен од многу поопасниот и поагресивен егзокрин тумор, што му овозможи на Steve Jobs да живее подолго.

Невроендокриниот тумор на панкреасот започнува да расте во клетките на жлездите во каналите на панкреасот. Пациентите со невроендокрината форма на тумор живеат подолго во споредба со оние кои имаат езгокрин (аденокарцином) на панкреасот. Според CNN, ракот на панкреасот обично има пет-годишна стапка на преживување. Стапката за неуроендокрините тумори може да се движи од 50-80 проценти, додека кај егзокрините тумори таа изнесува помалку од пет проценти.

Што е Рак на панкреас?

Ракот на панкреасот напаѓа два вида на жлезди содржани во панкреасот: егзокрините жлезди кои произведуваат и лачат дигестивни сокови (ензими), кои помагаaт раградувањето на мастите и протеините, и ендокрините жлезди кои произведуваат и лачат хормони (како инсулин и глукагон), кои го регулираат нивото на шеќерот во крвта. Овие хормони помагаат организмот да ја складира и користи добиената енергија од храната. Steve Jobs почина од тумори во ендокрините жлезди, кои се меѓу најретките форми на ракот на панкреасот.

Симптоми

Неуроендокрините тумори може да растат полека.Тие можат да бидат финкционални и нефункционални. Оние кои се функционални може да лачат хормони и да предизвикаат симптоми како што се улкуси на желудникот, висок или низок шеќер во крвта или осип на кожата. Нефункционалните тумори може да растат без да бидат забележани, бидејќи не лачат хормони или симптоми.

Сепак, симптомите во раните фази се нејасни и можат да биде поврзани со многу други состојби. Симптомите, обично, вклучуваат губење на апетит, болки во грбот и абдоменот, хроничен замор и жолтица. Пред неговото пензионирање како извршен директор на Apple во август, при неговите јавни настапи, многумина забележаа дека Steve Jobs многу ослабел, веројатно делумно поради губитокот на апетитот.

Третман

Неуроендокриниот рак има тенденција да се шири од панкреасот кон црниот дроб, вели Dr. Jack Jacoub, медицински онколог во Memorial Care Cancer Institute во Orange Coast Memorial Medical Center, California. Затоа многу локални третмани се фокусираат на напаѓање на клетките на ракот во црниот дроб, вклучувајќи нивно уништувајње со топлина или со хируршко отстранување. Токму поради тоа, Steve Jobs бил подложен на трансплантација на црниот дроб во 2009-та година.

Steve Jobs е само еден од многуте познати и значајни луѓе кои, исто така, починале од реткиот невроендокрин рак на панкреасот.

Извор: http://www.ibtimes.com/articles/226755/20111006/steve-jobs-dead-pancreatic-cancer-rare.htm#page1