• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Ординација
21 октомври 2012 - Национален ден на мамографијата Печати

Оваа година (2012), Националниот месец за подигање на свеста за ракот на дојката (National Breast Cancer Awareness Month - NBCAM) ја слави својата 29-годишнина.

Од своето постоење, NBCAM активно работи за промовирање на свеста за ракот на дојката. Денес, NBCAM признава дека, иако се направени големи чекори во подигањето на свеста за ракот на дојката, како и во неговото лекување, сепак останува уште многу да се работи.

NBCAM продолжува со своите активности за подобро едуцирање на жените за важноста на скринингот на ракот на дојката, како и за важноста на самопрегледот на дојките за рано откривање на болеста. NBCAM ги охрабрува жените да одат на редовни лекарски прегледи и да прават годишни мамограми.

Секоја година третиот петок во октомври е Национален ден на мамографијата. Овој ден за прв пат е прогласен од страна на претседателот Клинтон во 1993 година. На овој ден, како и во текот на целиот месец октомври, жените се охрабруваат да направат контролна (скрининг) мамографија. Оваа година, Националниот ден на мамографија ќе се слави на 21 октомври.