• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Видови на тумори
Превенција и скрининг кај малигниот мезотелиом Печати

Бидејки не е позната причината за настанувањето на малигниот мезотелиом, како и сите можни фактори на ризик, не е можно да се спроведе адекватно спречување на болеста. Сепак како превенција се наведува избегнување на оние фактори на ризик на кои може да влијаеме и да ги контролираме. На одредени фактори на ризик како што се возраста и полот не можеме да влијаеме.

Избегнување на изложеност на азбест

Азбестот се смета за главна причина за појавата на малигниот мезотелиом.

Азбестот и силикатните влакна, употребени во изолациски цели, за прв пат беа спомнати како ризик фактори за настанувањето на мезотелиомот од Wagner во 1960 година. Подебелите кривулести влакна се депонираат во горните делови од респираторниот тракт и тие лесно се отстрануваат и се помал ризик од тенките игличести влакна (синиот азбест) кои се задржуваат во долните дишни патишта.

Ризикот од појавата на мезотелиомот кај работници изложени на азбест и членовите на нивните фамилии е 8-13% и 1% последователно. Времето што е потребно од изложувањето на азбестна прашина до појавата на клиничките симптоми на мезотелиомот варира од 15 до 50 години.

Животна средина

Малигниот мезотелиом почесто се јавува кај градското население, отколку кај селската популација. Се смета дека причина за тоа е поголемата изложеност на градското население на делувањето на азбестот при градба на бродови, во градежништвото, покривните и подните плочи, изолацијата во општествените и приватните куќи, како и употребата на некои текстилни материи.

Изложеност на јонизирачко зрачење

Кај мал број на болни со малигни мезотелиом се смета дека туморот е последица на изложеност на јонизирачко зрачење. Латентниот период од изложеноста на јонизирачкото зрачење и појавата на мезотелиомот варира од 7 до 36 години, средно 16 години.

Скрининг за малигниот мезотелиом

Лицата кои се изложени на азбест, кој биле изложени на јонизирачко зрачење и имаат други фактори зна ризик, треба да прават контролни рендгенграфии на белите дробови, еднаш годиќно, со цел рано да се открие малигниот мезотелиом.