• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Живеј здраво, храни се правилно!
Смоквата е богат извор на растителни влакна

Смоквите се подобар извор на растителни влакна од повеќето видови на овошје. Тие содржат растворливи и нерастворливи растителни влакна.

Растворливите растителни влакна од смоквата помагаат во контролата на нивото на шеќерот во крвта, поради што смоквите им се препорачуваат на лицата со шеќерна болест. Исто така, овие растителни влакна го намалуваат и нивото на холестеролот во крвта, врзувајќи го од цревата. Затоа, смоквата е природен заштитник од кардиоваскуларни болести, од атеросклероза, срцев и мозочен удар.

Студиите покажуваат дека со консумирање на овошје богато со растворливи растителни влакна се намалува енергетскиот внес, а, се задржува ситоста како и при консумирање на храна со повисока енергетска вредност. Тоа значи дека растителните влакна можат да помогнат и во намалувањето на телесната тежина, па затоа смоквите им се препорачуваат на лицата кои држат диета.

28% од влакната на смоквата се растворливи.

Нерастворливите растителни влакна од смоквата поволно делуваат на здравјето на дебелото црево. Тие го регулираат варењето на храната и овозможуваат нормално празнење на цревата. Затоа смоквите особено им се препорачуваат на лицата со хроничен запек и хронични заболувања на дебелото црево.

Смоква е природен лек и за желудечните тегоби. Таа е многу лековита во комбинација со маслиновото масло кај желудечните тегоби, а се приготвува на следниов начин:

Во стаклена тегла се потопуваат 40 суви смокви во еден литар маслиново масло Така треба да одстојат 40 дена. Се зема секој ден по една смоква пред јадење, значи на празен желудник.

Ако некој неможе на овој начин да ги консумира смоквите, ист ефект се постигнува и ако се испие една лажица маслиново масло и потоа да се изеде една сува смоква. Ова е проверен рецепт и сигурно ги ублажува тегобите, па дури и потполно ги отстранува.

 

Прочитајте и: