• Decrease font size
  • Reset font size to default
  • Increase font size
Новости од областа на канцерот
Шафранот помага во спречување на ракот на црниот дроб?

Резултатите од неодамнешното истражување спроведено на лабораториски животни покажаа дека шафранот, кој најчесто се користи како зачин, има значајен хемотераписки превентивен ефект на ракот на црниот дроб.

Експертите велат дека кај животните кои примале највисока доза на екстракт од шафран забележале значително намалување на бројот туморите во црниот дроб.

„Нашите резултати покажуваат дека шафранот има антиканцероген заштитен ефект преку промовирање на апоптозата или т.н. „програмирана клеточна смрт“, преку запирање на ширењето на канцерогените клетки и блокирање на воспалението“, објаснил Prof. Amr Amin, научник од Универзитетот на Обединетите Арапски Емирати.

Рак на црниот дроб е петтиот најчест рак и трета водечка причина за смрт од рак во светот. Претходните студии покажаа дека шафранот поседува антиоксидативни, антиинфламаторни и антиканцерогени својства.

Резултатите од ова истражување се објавени во наушниот часопис „Hepatology“.

Добра вест е дека овој моќен зачин го чува и срцето и очите!

Најскапиот зачин во светот сметано по тежина, шафранот, се добива од цвеќето шафран крокус (Crocus sativus). Се користи во многу кујни како кинеската, индиската, турската, арапската и други.

 

Најчитани наслови